X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dobra voda26.07.2018  Општина Кочани ќе ја кофинансира реализацијата на проектот „Изградба на пристапен пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Добра Вода, што Центарот за развој на Источниот плански регион ќе го аплицира за финансирање од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оваа одлука беше донесена на шестата седница на Источниот плански регион, која се одржа неодамна во Берово.

Со проектот ќе се бара користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој на 2018 г. за мерката „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ – Инвестиции во локалната патна за поврзување на населени места – села со локалитети значење за начинот на живот и работа на селската популација во должина до 2 км“.

Вкупната вредност на проектот за изградба на овој пристапен пат е близу 26 милиони денари. Според документацијата за апликација, Општина Кочани се обврзува да го плати износот на данокот на додадена вредност и да учествува во финансирање на активностите за изведбените работи од овој проект.

Изградбата на патот до локалитетот Добра Вода е едно од приоритетните барања на жителите од тој крај, посебно заради големите празнични собири кои се организираат на неколку наврати во годината. Од друга страна, подобрената патна инфраструктура ќе создаде подобри услови за туристички развој на овој дел од Осоговијата.

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click