X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarci avionsko prskanje26.07.2018  Советот на градоначалници и Центарот за развој на Источниот плански регион на шестата седница што се одржа минатата седмица во Берово донесе заклучоци за регионален пристап во третирањето на на комарците и на кучињата скитници.

По иницијатива на претседателот на Регионот и градоначалник на Кочани, Николчо Илијев, истакната е потребата третманот на комарците да добие поширок опфат.

Спорерд него, од досегашната пракса јасно е дека поединечното – прскањето против комарци само во една општина, не го решава проблемот со комарците. Со досегашното прскање што се спроведе во Кочанско, не е забележан некој посериозен ефект, иако досега се реализирани две фази од авионското и две прскања од земја.

Притоа, градоначалникот Илијев  побарал да бидат повикани стручни лица за презентација на решение за поголема ефикасност во третманот на комарците.

Годинава за прскање против комарци од Буџетот на Општина Кочани се наменети 1.369.260 денари и за авионско и за прскање против комарци од земја.

Општините од Источниот плански регион искажаа согласност и во ставот за заеднички пристап и регионален третман на состојбите со цел да се обезбеди поголема ефикасност и заштита на населението од кучињата скитници.

Во Кочани, третманот на кучињата скитници е локална надлежност која е делегирана на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. За шинтерски услуги, односно заловување на кучиња скитници, по реализирана постапка за јавна набавка е склучен договор на една година со фирмата ВСЦ „Тодор Велков“ од Куманово за што се наменети 470.938 денари. Оваа фирма неколку години наназад ја вршеше истата услуга во Кочани, но граѓаните постојано реагираа на квалитетот и начинот на кој се третираат бездомните кучиња.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click