Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica marsal tito16.08.2018  Во Кочани во тек е постапка за враќање на името на поранешната улица “Маршал Тито“, а за што иницијатива до Советот на Oпштината поднесе Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“.

Во образложението на иницијативата е наведено дека со нејзиното прифаќање ќе се исправи неправдата што е направена пред неколку години, кога без поголема кампања и консултирање на ставот на граѓаните, била донесена еднострана одлука за промена на називот на улицата.

Од Локалната самоуправа на Кочани потврдија дека слично писмено барање испратила и советничката група на СДСМ, а со оглед на законската обврска, била побарана согласност од Владата од каде е добиен позитивен одговор.

Од стручните служби во Општина Кочани додадоа дека за в петок е закажана координација на претставниците на советничките групи на која ќе се утврдуваат точките за дневниот ред на наредната седница на Советот. Меѓу предлозите е вметната и иницијативата за враќање на името на една од главните градски улици во Кочани.

- Нема овојпат да се колеба Советот во однос на правилната одлука што треба да ја донесе, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните. Ако тие се наши претставници таму, треба да слушаат, а најголем дел од граѓаните реагираа, но вака, интимно, во меѓусебни разговори, не на друг начин, со протест или како било. И сега, кои се тие што таму ќе речат “не“ после сета оваа процедура што треба да биде како што е ред, рече Трајан Трендов, претседател на Здружението „Јосип Броз Тито“.

На почетокот од оваа година Комисијата за култура, образование и спорт на Општина Кочани ја разгледуваше предлог листата за именување на десет улици, при што беше прифатен предлогот две од нив да ги добијат имињата на поранешните претседатели на Република Македнија, Киро Глигоров и на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Инаку, името на улицата „Маршал Тито“ во Кочани беше променето во „ВМРО“ пред четири години, за што одлука донесе тогашното мнозинство во Советот на Општината.

T. Aјтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 247 гости и нема членови


web counter



qr code