Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Oriz zelen15.08.2018  Да се испита до крај од каде е, дали е увезен како готов или кај нас е произведен, да се утврди кој го произвел, од кое семе и од каде го внел бидејќи сигурно е нелегално внесено од причина што нашите сорти не се ГМО храна.

Сите сорти кои што се одгледуваат на територијата на Република Македонија, а чиј главен производен регион е кочанскиот, не се ГМО и сите се создадени со класични методи, појаснува проф. д-р Добре Андов од Земјоделскиот институт - Скопје, по излегувањето во јавноста на информацијата дека Агенцијата за храна и ветеринарство пронајде два увезени производи со генетски модифицирани организми.

Едниот е семенски материјал кој бил користен за производство на ориз во Кочани, додека другиот производ се шницли од соја од Виталиа, увезени од Србија.

- Информацијата што беше пласирана во јавноста беше дека од страна на инспекциските служби е најдена генетско модифицирана храна и тоа дека таа храна е ориз кој што е прозиведен во Кочани и кочанско. Мислам дека инспекциските служби треба да продолжат и до крај да ја испитат ситуацијата дали е тоа така, бидејќи од нашето сознание тврдам дека сите сорти кои што се одгледуваат на територијата на Република Македонија а главен производствен регион е кочанскиот, односно сите сорти кои што се на листа во Р. Македонија дозволени за производство како и сортите на Европската листа кои што се внесуваат во нашата држава не се ГМО. Да појаснам, ГМО значи храна која што се добива од генетско модифицирани растенија. Овие сорти кои што се одгледуваат кај нас како што се италијанските, турските и македонските сите се создадени по класични методи за создавање на нови сорти, така што не треба да има паника меѓу земјоделците и консументите бидејќи самите самите земјделци знааат кој ориз и која сорта ја произведуваат, истакна проф. д-р Добре Андов, Земјоделски институт Скопје.

Ова што го пронашле инспекциските служби од Агенцијата за храна и ветеринарство е изолиран случај и според информацијата станува збор за околу 500 кг ориз и треба да се утврди од каде е истиот, вели д-р Андов.

-Треба да се утврди дали тој ориз е произведен кај нас, дали е можеби увезен како готов. Ако е произведен треба да се утврди кој го произвел од кое семе и од каде го внесол. Тоа е сигурно внесено нелегално бидејќи ако е легално внесено не може да биде ГМО. Сите тие сорти кои се легално внесени во Македонија не се генетско модифицирани сорти и се дозволени за производство и консумација, додаде д-р Андов.

Заради овој изолиран случај од 500 кг ГМО ориз не треба да прави паника меѓу луѓето, туку инспекциските слчужби треба до крај да ја испитаат работата пред да се пласира во јавноста. Ова нека биде поука, вели д-р Андов дека треба да има иследливост во истражувањето, а лесно може да се испитра дали некоја храна е ГМО или не.

Андов додава дека најмногу денеска во светот се работи на генетско модифицирани растенија од соја и пченка, а помалку или скоро и да се нема сретнато во Европа да се произведува ГМО ориз, така што оризопроизводителите и потрошувачите можат да си бидат слободни и без дилема во однос на квалитетот на нашиот ориз и сортите кои што се произведуваат во Македонија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code