Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica legalizirani divogradbi10.08.2018  Неплански изградените објекти, кои подоцна со постапка за легализација се озаконети, претставуваат рак-рана на урбанистичкото планирање. Некои од нив попречуваат изградба на улици, на приоди кон други објекти и оневозможуваат нормално сообраќајно функционирање.

Во таква ситуација се наоѓа и кочанскиот музичар од светски ранг и основач на познатиот „Кочани оркестар“, Неат Велиов, кој поради болест од пред извесен период останал инвалид.

- Јас сум четири години сум болен, гледате во каква состојба сум. Пред еден ми доделија електмесец рично возило, го гледате мојот пат и дали со тоа возило можам да се движам тука. Во ова маало имаме мали деца, имаме болни, сакам да кажам дека кое такси и да го повикаме, кога ќе кажеме кај Неат на Полатски пат, ниедно такси не доаѓа. Дали дете или болен да имаме, не можеме да го изнесеме од овде, кој ќе дојде во еден или два часот ноќеска да ме земе мене од тука и да ме однесе во болница, никој, рече Неат Велиов, музичар.

Од Општина Кочани рекоа дека имаат сериозни проблеми со решавањето на слични инфраструктурни прашања поради дивоградби што се легализирани и ја кочат изградбата на оваа и други улици.

- Поради напорот на Локалната самоуправа да им помогнеме на луѓето со хендикеп направивме контакти со министерот без ресор Аксел Ахмедовски и благодарение на неговата помош веќе се издвоени средства за да го изградиме кракот од околу 280 метри на оваа улица, да биде направена со такви нагиби што ќе ги користат овие жители на оваа улица, рече Александар Гицов, раководител на на Одделението за урбанизам.

За градоначалникот Николчо Илијев дивоградбите се наследен проблем кој со ист или помал интензитет продолжува да загрижува.

- Граѓаните мора да бидат свесни и да им биде јасно за сите последици и ризици кои ги носат со непочитување на законите. Кога е во прашање изградбата на објект без техничка документација, без градежна дозвола, тоа е нелегален објект, се прави кривичен престап, а исто така не постојат никакви услови тој објект да биде легализиран. Тоа значи дека или ќе биде срушен или за цело време на неговото постоење е дивоградба и сопственикот не може да ги оствари своите права кои го следуваат по основ на сопственост, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Градоначалникот апелира сите граѓани на Кочани се воздржуваат во делот на пречекорувањето на нивните права и да ги почитуваат законите.

Во првиот законски рок за легализација на бесправно изграденит објекти до стручните служби во општина Кочани биле поднесе 5.988 барања, од кои досега се решени близу 80 отсто. Со продолжувањето на рокот за легализација до крајот на годината, овој број е зголемен за уште околу една третина, поради што може да се очекува со озаконувањето на дивоградбите да се појават нови проблеми во решавањето на инфраструктурните прашања во иднина.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 55 гости и нема членови


web counter



qr code