Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

carovska filipce kocani21.08.2018  Работна посета на општина Кочани остварија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче.

Притоа се сретнаа со градоначалникот Николчо Илијев, како и со директорите на Болницата, Александар Серафимов и на Центарот за социјални работи, Кирил Ковачев, кои ги информираа за тековните активности, како и за плановите за подобрување на социјално-здравствената заштита во општината.

Според министерката Царовска, главен акцент е даден на програмите од социјален карактер што треба да стартуваат во Кочани, при што таа упати благодарност за проактивноста на локалната власт која дава посебно внимание на активностите што се развиваат.

- Многу скоро треба да се отвори Центарот за ран детски развој, исто така и информативната канцеларија поврзана со Центарот за социјални работи. Бев во посета на Центарот за да видиме како се организира полека подготвоката на кадарот за да биде кејс менаџери или менаџери во наредниот период и заедно со министерот за здравство разговараме за една заедничка иницијатива која што треба да има социјално-здравствен карактер и очекуваме и таа да даде многу скоро видливи резултати и да ги видиме тимовите на терен, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

Министерот за здравство, Филипче по средбата со градоначаникот Илијев информираше дека токму во Кочани ќе започне да се спроведува пилот-проект за подобрување на здравствената заштита за населението во руралните средини.

- Моделот кој што сакаме да го имплементираме и кој што денеска го разговаравме заедно со градоначалникот и со министерката за труд и социјална политика е токму моделот којшто ќе овозможи здравствена заштита за граѓаните и за пациентите во руралните средини кајшто воопшто нема здравствени работници, ниту пак гледаме да има некој заинтересиран да работи таков тип на здравствена заштита во тие средини.  Станува збор за мобилни патронажни сервиси и сервиси за домашна посета, модел којшто веќе постои во развиените европски земји и кој е докажан модел дека значајно го подобрува пристапот кон здравствената заштита и го олеснува истиот. Како и кон тоа да го подига квалитетотна здравствена заштита за граѓаните коишто воопшто во овој момент немаат никаква форма на здравствена заштита во средините во кои живеат, и затоа се приморани да одат во други места или во регионалните центри, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот Филипче најави и заживување на модел на т.н. мобилни аптеки во руралните средини, за да можат тамошните жители полесно да дојдат до потребните лекарства.

Според градоначалникот Илијев, средбата со двајцата министри била повеќе од потребна заради подигање на нивото на социјално-здравствената заштита во нашата општина и регионот.

- Некои од проектите со Министерството за труд и социјална политика се веќе во тек, разговаравме до каде се работите кои веќе се започнати, како и за идните активности, се со цел проектите што веќе ги имаме започнато да ги завршиме навреме, односно со почетокот на школската година да ги отпочнеме и проектите што веќе подолго време се планирани. Со министерот за здравство разговаравме за она што е посебно важно за нас како население, односно како општина, статусот на Болницата, како и за активности во делот на здравството, бидејќи тоа е еден од поважните сегменти на кои секако почива и останувањето на помладото население овде во Кочани, во овој регион, рече Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

За време на работната посета беше разговарано и за доопремување на Болницата во Кочани со потребните уреди и опрема, како и за воведување на некои нови методи на работа и лекување што досега овде не се спроведуваа.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 202 гости и нема членови


web counter



qr code