Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

cesma voda nema21.08.2018  Во текот на ова лето граѓаните на Кочани немаа голем проблем со недостаток на вода во најтоплите денови од годината.

КЈП „Водовод“ не правеше рестрикција во текот на овие два месеци, а не најавува ниту во иднина, бидејќи споредбено со истиот период лани, потрошувачката на вода е намалена за 10 % а капацитетот зголемен за 8% , велат од претпријатието.

- Во јули 2017 година пласирани се 485.111 метри кубни вода, а во јули 2018 година пласирани се 437 304 метри кубни вода што е за 47 807 метри кубни вода помалку.

До 14 август 2017 година пласирани се 220 790 метри кубни а до 14 август 2018 пласирани се 196 210 метри кубни вода што е помалку за 24 588 метри кубни вода. Изразено во проценти потрошувачката на вода за периодот јули август е помала за 10%. Тоа се должи на поволните временски услови за разлика од минатата година и на преземаните активности од страна на КЈП „Водовод“ во однос на тоа што вкупниот капацитет е зголемен за 8% на транспортните пумпи за 15 литри во секунда поради репарација на две транспортни пумпи, една во пумпна станица Грдовци и друга во препумпна станива или Стар филтер. Со репарација на пумпи ќе продолжиме и во иднина, имаме за репарирање уште пет пумпи така што до крајот на оваа и почетокот на следната година ќе ги репарираме сите комплетно, рече Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“ Кочани. 

Киров додаде дека очекуваат потрошувачката на вода да остане иста и со тоа потребите за вода на граѓаните и понатаму да бидат задоволени во целост посебно на критичните и повисоките места не се најавуваат рестрикции, освен ако се појават дефекти во водоводната мрежа.

Според Киров дневно има од 11 до 13 дефекти на кои работат и заради кои доаѓа до евентуални прекини во водоснабдувањето но тоа е за краток временски период додека истите да бидат санирани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code