Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

volonteri torbi22.08.2018  Рачно изработени торби од платно добија погоелем број граѓани на Кочани како подарок од волонтерите од здружението на млади правници “Павел Шатев“ кои доаѓаат од Турција, а овде престојуваат извесен период.

Торбите ги изработиле со поддршка од локални компании, а главната идеја за активноста е да се упати порака за зачувување на животната средина, односно да се намали корстењето на пластичните ќеси.

- Во Макеоднија се употребуваат повеќе од милијарда пластични кеси годишно. Штетните состојки во нив трајно ги уништуваат природните рерсурси и остануваат во храната која ја јадеме, водата и воздухот. Податоците велат дека една кеса се корисит во просек 12 минути, а се разградува во следните илјада години. Здружението “Павел Шатѕев и ЕВЕЦ во соработка со текстилните фабрики “Алекс“, “Делта текс“ и “Алма“ од Кочани и “Јајамезлер“ од Штип и овојпат реализира доста креативна акција од голем придонес за намалувањето на употербата на пластичните ќеси. Нашите интернационални волонтери сошија над 500 торби од материјалите донирани од тесктилните фабрики, рече Филип Николовски, ментор во Здружението “Павел Шатев“.

 

Заедно со платнените торби волонтеридте делеа и флаери како повик до граѓаните на Кочани да се придружат во акцијата за чистење на околината на браната Гратче, што е планирана да се реализира в четврток, 23 август. Притоа, дел од нив и лично упатија апел за чување на животната средина.

- Јас би сакала да се користат хартиени ќеси наместо пластичните. Со тоа ќе ја зачуваме природата и околината за повеќе години... Мислам дека овие торби што ги изработивме се многу важни за животната средина и се надевам дека луѓето навистина ќе ги користат нив, наместо пластичните ќесиња... Секој човек треба да биде свесен за зачувувањето на околината бидејќи треба да размислиме двапати пред да купуваме, рекоа волонтерите.

Активноста за делење на платнени торби волонтерите од Турција ја реализираа на неколку локации во Кочани. Притоа, иако дел од граѓаните одбиваа да го земат подарокот, активистите рекоа дека се задоволни од одзивот и изразија надеж оти дел од оние што добија торба ќе им се придуржат в четврток во акцијата за чистење на околината на браната Гратче.

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 299 гости и нема членови


web counter



qr code