Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

marina-gocevska-mili-dueli-123.08.2018  Младата и талентирана Марина Гоцевска од Кочани, за која што пред извесно време Канал 8 информираше дека е влезена во третиот круг на Балканскиот фестивал на поезија што онлајн се одржува низ повеќе земји во светот, сега веќе влезе и во уште потесен избор, односно во четвртиот круг.

Тоа е огромен успех за неа но и за градот Кочани и за Македонија бидејќи Гоцевска е единствен претставник од Кочани на овој фестивал.

Таа ги испрати своите три творби „Гердан од солзи“, „Мост на изгубените души“ и „Меморија“ и со нив ги собира гласовите на публиката и жирито и веќе е на чекор до финалето.

Оваа година Македонија има наголема шанса за добивање прво место во однос на претходните сезони бидејќи сега има тројца автори во полуфинале меѓу кои и кочанката Гоцевска. Најдобрите од секоја земја ќе добијат плакети и ќе бидат претставници на државата од која доаѓаат.

-Среќна сум што влегов во четвртиот круг. Сакам да им мсе заблагодарам на сите мои сограѓани кои гласаа за мене. Гласањето продолжува и трае до 25. август до 12 часот. Сите кои досега не гласале можат да гласаат со лајк на песната и со додавање на администраторот Нермин Делиќ и да ме подржат. Се надевам дека ќе влезам и во петтиот круг и ќе бидам единствен претставник на фестивалот од Македонија, рече Марина Гоцевска, учесник на фестивалот „Мили дуели“

Избирањето на победниците се одвива преку гласање на фејсбук страната каде што ги има песните на учесниците и со додавање од страна на администраторот и на тој начин се шири манифестацијата и се поддржуваат учесниците и администратоот. Во гласањето голема улога има и жири комисијата чии што членови одлучуваат кој ќе продолжи понатаму.

Нема сомнеж дека фестивалот „Мили Дуели“ е вистинска интернет сензација за откривање таленти во прозата и поезијата. Организатор на фестивалот е Нермин Делиќ од Босна и Херцеговина.

Гоцевска исто така е учесник на други поетски фестивали ширум републикава и надвор од неа, а има добиено досега многу награди и признанија за проза и поезија. Резултатите за влез во петти круг ќе бидат објавени во недела на 26 август кога би требало да останат само 15 финалисти.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code