Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres vrmo prevoz24.08.2018  Градоначалникот Николчо Илијев и Општина Кочани демонстрираат неспособност и неработа во целокупното свое работење. Општина Кочани и понатаму останува затрупана во голем број на проблеми, но и потреби на граѓаните кои секојдневно се зголемуваат и остануваат нерешени.

Господине Илијев, граѓаните на Кочани поради Вашата неспособност и незнаење веќе 1 (еден) месец не користат јавен градски превоз на територијата на Општина Кочани. Истите тие граѓани со право се прашуваат дали конечно ќе успеете да реализирате јавна набавка после двете пропаднати аукции и да го вратите јавниот градски превоз кој беше стартуван во 2013 година, а вие по само 8 (осум) месеци на чело на Општината успеавте да го упропастите.

Дали по легендарната изјава на вашата сопартијка и пратеничка Мира Стојчевска, дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните затоа што немаат автомобил, најдовте начин да ги погодите и овие категории на наши сограѓани па им го укинавте градскиот превоз.

Со укинувањето на јавниот градски превоз последните седмици сведоци сме на зголемен сообраќаен хаос во градот. Исто така можеме да забележиме зголемен број на т.н. „диви таксисти” кои непречено ја користат ново настанатата ситуација со градскиот превоз, а Вие Господине Илијев и овде покажувате тотална незаинтересираност да се справите со проблемите.

И конечно, Господине Илијев дали чувствувате барем малку одговорност и дали ќе соберете сила да се извините на граѓаните заради Вашата неспособност да го одржите јавниот градски превоз или пак во дополнение на стилот на Мира ќе кажете дека јавниот градски превоз не ги засега најбогатите, а освен таа елита другите и не ве интересираат многу?

Почитувани,

На Кочани не му се потребни нови дополнителни катастрофални чекори на локалната власт предводена од СДС, доста е со изговори и доста е веќе со оправдувања.

Почнете еднаш да работите, бидејќи ако не знаете вие, има кој знае, рече Миле Лефков, претседател на ОК ВМРО - ДПМНЕ Кочани.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 202 гости и нема членови


web counter



qr code