Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani zgrada130.08.2018  Граѓаните од општина Кочани ќе имаат можност да се вклучат во иницијативата за изработка или дополнување на урбанистички планови за локации што се од нивен интерес.

За таа цел Општината објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанитички планови.Освен граѓаните - поединци, во давањето предлози можат да се вклучат и правните лица.

Сите заинтересирани страни во текот на јавниот повик може да достават предлог за изработка и донесување на детален урбанистички план за село и вон населено место.

Истото може да го направат преку информацискиот центар е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на Општина Кочани

Како што е нагласено во јавниот повик, предмет на иницијативата може да биде донесување комплетно нов или пак дополнување и измена на веќе постоечки урбанистички план. За доставените иницијативи сите подносители ќе бидат поодделно известени преку електронскиот информационен систем или во писмена форма.

Доколку некоја од инцијативите од граѓаните или од правните лица се прифати, тогаш средствата за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат самите подносител.

Јавниот повик ќе трае најмалку 30 дена односно, од 31 август до 30 септември.

И. Матеничарски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 287 гости и нема членови


web counter



qr code