Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

proekt avena131.08.2018  Со завршна презентација на постигнатите резултати, финишираа активностите од проектот “Сите заедно на училиште“, што беше наменет за децата од ромската популација во Кочани.

На средбата со претставниците од училиштата, родители и активисти кои беа вклучени во спроведувањето на задачите, беше речено дека во изминатите седум месеци се постигнати задоволувачки резултати, посебно во запишувањето во училиште на децата кои воопшто не посетувале настава.

Носител на проектот беше здружението на Роми “Авена“ од Кочани, во соработка со други невладини органзииации и педагошко-психолошките служби од основните училишта “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“.

- Целта на проектот беше да ги опфатиме сите ученици и да ги запишеме. Во “Раде Кратовче“ успеавме да запишеме 19 деца Роми, а во “Малина Попиванова“ запишавме 6 Ромчиња. Во проектот имаме предвидено да обезбедиме училишен прибор што ќе им го поделиме во текот на наредната недела, рече Драганчо Георгиев, претседател на здружението “Авена“.

На завршната презентација на проектот беше речено дека во текот на изминатите месеци биле организирани средби со претставници од училиштата, остварени се и посети на ромските семејства при што е реализирана едукација на родителите за неопходноста од образование на нивните деца. Освен тоа, изработен е и водич со конкртетни мерки, препораки и заклучоци.

Во рамки на проектот изработена е детална и сеопфатна анализа за состојбата со изостанувањето на децата Роми од училишпте, а околу 20 отсто од учениците Роми кои задоцниле со упис во прво одделение се вклучени во наставниот процес.

Проектот “Сите заедно на училиште“ беше финансиран од Европската Унија како подгрант од програмата “Градење посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 171 гости и нема членови


web counter



qr code