Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vmro pres1231.08.2018  - Токму од овде уште еднаш ќе потcетам дека немањето градски превоз е реален проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Кочани. Градоначалникот во неговиот одговор на овој проблем зборува за превоз на ученици кој нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз.

Бесплатниот превоз на учениците е право кое е регулирано со закон, а договорите кои сте ги објавиле се склучени како резултат на спроведена јавна набавка и изразените цени се за повратни билети на редовните ученици, Вие ја замајувате јавноста кажувајки ги цените за билет во редовните автобуски линии во еден правец, што претставуваат две различни работи, рече меѓу другото Миле Лефков, претстедател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Кочани на организираниот прес пред новинарите.

- Ваквиот начин на комуникација, како и нападите на секој оној кој ќе се осмели да ги посочи реалните пропусти во работењето на оваа власт не водат никаде. Она што е суштина на ова обраќање, е дека сите треба да се држиме до принципот на јавност, вистинитост и реална информираност. Токму фактите и аргументите треба да бидат изнесени и во периодот кој следи се до денот на референдумот, се со цел да се пренесе вистината и реалноста во која живееме.

Мора да се изнесе фактот дека со цел да се побара поддршка од граѓаните за лошиот договор со Република Грција за кампањата на владата и успех на референдумот од 30-ти септември излегуват одредени тези кои се однесуваат на земјоделието и земјоделците. Изјави и тези со кои на земјоделците им се ветуваат пари од ЕУ се далеку од реалноста. Пресметката на буџетот што една држава го добива од заедничкиот буџет на ЕУ се базира на пресметка од вкупните земјишни капацитети, но и од позицијата и состојбата во која се наоѓа земјоделието.

Во каква состојба се донесе нашето земјоделие ако се имаат во предвид потфрлањето на институциите и аферата со ГМО семето, преполовениот пласман, ниските откупни цени како и земјоделски површини кои се под директно влијание на градската депонија во Кочани, чие загадување го гледаме секојдневно а влијае негативно како на здравјето на граѓаните така и на квалитетот на земјоделските производи. Да бидеме реални и да им кажеме на граѓаните дека со вакво владеење и ваков однос кон земјоделието и заштита на животната средина, може да се очекува дека буџетот од ЕУ фондови кои ќе го добијат земјоделците од Македонија може да биде дури и помал од буџетот за поддршка на земјоделието што Македонија го има години наназад.За покривање на катастрофалното владеење на СДС свесно се врши злоупотреба на Европската Унија и на нејзините политики, односно во овој случај на заедничката земјоделска политика на ЕУ. Ова се факти, заврши во својата прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани Миле Лефков.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 195 гости и нема членови


web counter



qr code