Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm stab nadvor31.08.2018  Во контекст на изнесените невистини на денешниот прес од страна на ДПМНЕ, би сакале да ја информираме и запознаеме јавноста во општина Кочани за евидентниот страв и паника од страна на ДПМНЕ како партија, од реалниот успех на Референдумот и влезот на Република Македонија во НАТО и ЕУ благодарение на власта предводена од СДСМ и коалицијата.

Зборувате за потфрлање на институциите, наместо да ги пофалите дека совесно работат и постапуват по закон и по своите надлежности откривајќи нелегално внесено ГМО семе во РМ, кое патем е пронајдено кај луѓе, Ваши симпатизери и гласноговрници кои ги повикувате на Вашите митинзи да зборуваат во име на земјоделците, а знаејќи дека овој бизнис цутел со години наназад кога кога Вие раководевте со истите институции, кои за жал во Ваше време беа глуви и слепи за проблемите во земјоделието.

Зборувате за реална информираност, а не кажувате дека како власт 11 години со Вашата неспособна политика во земјоделието 80 милиони евра неповратни средства од претпристапните фондови од ЕУ наместо да ги добијат земјоделците за подобрување на своите капацитети и конкурентност, Вие ги оствивте неискористени.

Зборувате за вистинитост, а не кажувате дека со влезот на РМ во НАТО и ЕУ ќе значи отварање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и големи капитални инвестиции во агро секторот. И Вие знаете дека со силен агро сектор може да се достигнат бараните ЕУ стандарди, да се зголеми приносот и извозот или пак Вие едноставно не сте за влез во НАТО и ЕУ и подобар живот на земјоделците и граѓаните на РМ.

А за квалитетот на земјоделските производи има компетентни институции, а сигурно Вие во Вашиот партиски штаб ги немате мерните инструменти за да обвините дека од депонијата зависи квалитетот на земјоделските производи и здравјето на граѓаните.

И за крај знаме дека и Вие од ДПМНЕ сте свесни од благодетите при влезот на РМ во НАТО и ЕУ, и крајно време е да излезете од Вашите стереотипи и собирање на дневно политички поени и ЗАЕДНО да помогнеме кон подобра иднина на сегашните и идни генерации, стои во писмената реакција од ОО на СДСМ - Кочани на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
h

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 163 гости и нема членови


web counter



qr code