Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka deca31.08.2018  Детската градинка „Павлина Велјанова“ летниот период го искористи да ги реновира санитарните јазли во клон 2 кај градинката кај Руен или објектот „Ѕвездички“. Со сопствени средства сега се овозможени поголеми услови за престој на децата во градинка и со реновирањето на тоалетите хигиената е подигната на повисоко ниво, истакна Едита Миткова, в.д директор на детската градинка во Кочани.

-Во текот на месец август реновиравме четири санитарни простории и со тоа овозможивме хигиената да се зголеми на поголемо ниво. Парични средства за реновирање обезбедивме ние, а општината ни помогна со изработка на проект и надзорно лице кое ни беше на располагање. Успеавме во определниот рок да постигнеме се, а децата од објектот дека се реновираше беа згрижени во објект 1 и 3.   За цело време додека се реновираа санитарните јазли децата беа навремено згрижени и им беше обезбедено се што им е потребно, рече Едита Миткова, в.д директор на ДГ „Павлина Велјанова“.

Освен новите две отворени групи во месец мај во градинката кај пазарот и кај Руен, отворена е уште една втора мала група во објектот „Ѕвездички“ што јасно покажува на зголемениот број на деца за престој во градинката.

-Со почеток на новата воспитна година која ќе стартува на 3 септември во објект 2 почнува со работа новата група во која ќе бидат згрижени 20 дечиња. Имаме соодветен воспитувач и неговател кои што ќе се грижат за децата и ние сме подготвени за новата воспитна година. Новата година ја стартуваме со 779 деца што е за 49 деца повеќе од лани, бидејќи освен две нови групи што ги отворивме во месец мај, сега има и уште една новоотворена мала група што ја споменав, додаде Миткова.

Инаку, Миткова истакна дека градинката, односно сите објекти се максимално подготвени, средени, исчистени за згрижување и воспитување на децата во новата воспитна година што започнува од 3 септември. За новоотворените групи секако е вработен и нов воспитен кадар кој што работи и ги негува децата. За понатамошнииот период се најавуваат уште некои одредени реконструкции и обновување на просторите каде што е потребно, додаде Миткова.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 227 гости и нема членови


web counter



qr code