Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bejli kocani04.09.2018  Амбасадорот на САД во Македонија, Џeс Бејли престојуваше во работна посета  на кочанскиот регион. Главна цел на посетата беше запознавање со проектите за кои американската влада дала поддршка преку програмата за меѓународна соработка на УСАИД.

Во рамки на престојот во регионот амбасадорот Бејли најпрвин ги посети производствените погони на компанијата “Екстра фунги“, каде беше информиран за начинот на работа и капацитетите со кои располага фабриката. Притоа тој високо ја оцени определбата на менаџерскиот тим да реализира високи стандарди на квалитет во произивдиството, од кое скоро воп целост е наменето за извоз на пазарите во Европа и пошироко.

Тој посебно се интересираше за можностите за проширување на производната програма и ресурсите со суровини со кои располага источниот регион  од државата. Исто така, беа дадени мислеања и за можностите за унапредување на соработката со нови пазари, како и за дополнително модернизирање и проширување на производствените капацитети. 

Амбасадорот Бејли во просториите на Локалната самоуправа оствари посета и со претставници на Советот на Општината, како и со дел од невладиниот сектор во Кочани. Притоа беа престтавени досегашните проекти во кои бил вклучени здруженијата на граѓани, како и можностите за унапредување на соработката.

Во рамки на престојот во Кочани, високиот гостин имаше и работна средба со градоначалникот Илијев и неговите соработници од локалната самоуправа.

 Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 300 гости и нема членови


web counter



qr code