Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

jordan eftomov24.08.2018  Јорданчо Ефтимов ученик во четврта година во СОУ ”Гошо Викентиев” од Кочани учествуваше на светскиот натпревар за Microsoft office specialist што се оддржа во Орландо, Флорида.

Во конкуренција од 500 учесници од повеќе од 100 земји во светот, Ефтимов забележа солидни резултати и како единствен претставник од Македонија во неговата конкуренција ја претстави државата во најдобро светло. Тој се натпреваруваше во изработка на задачи во програмата Мајкрософт Ворд.

Натпреварот беше во органзација на компанијата Сертипорт од Америка , а поддржан од корпорацијата Мајкрософт.

Претходно Ефтимов победи на националниот наптревар за Мајкрософт оффис специалист што се оддржа во Скопје. Во конкуренција од 40 учесници од други училишта од Македонија, тој покажа најдобри вештини и познавање во апликацијата Ворд и со тоа се стекна со правото да учевствува на меѓународниот натпревар во САД.

- Таму бевме 500 ученици кои се натпреварувавме во 6 различни програми. Тоа беа Word, Excel и Power Point 2013 и 2016. Јас се натпреварував во Word 2013 категорија. Сакам да се заблагодарам на професоркатса Павлина Атанасова која беше мој ментор и на Стопанска Банка што беше официјален спонзор на овој натпревар – изјви Јорданчо Ефтимов.

На светскиот натпревар Ефтимов се здоби со Сертификат за учество од страна на Мајкрософт и подароци како награда за вложениот труд и постигнатите резултати.

Натпреварот во Македонија беше во организација на “Серти Адриа“ во соработка со “Семос едукација“ и финансиска поддршка на “Стопанска банка“.

Трошоците за патувањето на младот Ефтимов беа покриени со донации од Владата на Република Македонија и Општина Кочани , како и од локални стопанственици меѓу кои конфекциите “Амор“ и “Алма“, “Руен Инокс Автомобили“, “Офис експрес“, “Мебел Јумис“ и “Фото Луна“.

И. Матеничарски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 185 гости и нема членови


web counter



qr code