Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voen otsek kocani12.09.2018  По покана од локалната власт, во работна посета на Општина Кочани престојуваше потпретседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, при што се сретна со градоначалникот Николчо Илијев и неговите соработници.

На средбата стана забор за повеќе актуелни прашања од работата на Општината, пред се во делот на средувањето на финансиските проблеми, но и за конкретни прашања, каде што е неопходна поддршка од Министерството.

Меѓу нив беше споменат и проблемот со руинирниот објект на поранешниот Воен отсек, каде најголем дел од сопственоста ја има ресорното министерство.

- Министерството за одбрана поседува 573 мертри квадратни, 271 метар квадратен има Управата за јавни приходи и еден мал дел Центарот за управување со кризи. Зградате е руинирана и во очајна состојба и дава грда слика, како за нашата општина, така и за институциите што се сместени во тој објект и условите се повеќе од минимални и треба да најдеме решение. Добивме дозвола од Министерството да изнајдеме соодветно решение кое најмногу ќе одговара и ќе биде најприфатливо за нас, а Министерството да добие други простории за сместување на вработените во подрачната единица, а објектот да му биде преостапен на Општината, за што ние ќе ги разгледаме сите законски процедури, рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

На средбата во Општината се разговарало и за активностите околу претстојниот референдум што споед министерката Шеќеринска е важен историски момент за државата и за граѓаните.

Интензитетот на посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ, според Шеќеринска е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

- Овој понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот, Џејмс Матис, што се случува за првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, рече Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.

Освен посетата на Матис, додаде Шеќеринска, наредната недела во посета на Македонија ќе дојдат уште двајца министри за одбрана од земји членки на ЕУ, за да дадат поддршка референдумот да успее.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 181 гости и нема членови


web counter



qr code