Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pozar vezba Zrnovci13.09.2018  Едно возилo на Тертиторијалната противпожарна единица на Кочани со спремните пожарникари беше доволно да се изгасне пожарот во ОУ „Синиша Стоилов“ кој како дел од вежбовната активност избувна во училиштето.

Од симулираниот пожар беа зафатени неколку училници и беа повредени тројца ученици кои навреме беа евакуирани од пожарот и од страна на екипите и волонтерите од ОО Црвен крст - Кочани им беше укажано прва помош.

Евакуацијата и симулацијата на пожарот се спроведе со учество на сите вработени во училиштето и учениците. Од вежбата се покажа дека ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци како и ТППЕ на Кочани се подготвени за брза реакција при евентуална несреќа и справување во случај на пожар.

- Денес во нашето училиште по втор пат беше спроведена симулација на пожар од страна на ТППЕ - Кочани во соработка со ОО на Црвен крст. Успешно беа евакуирани наставниците и учениците, имавме тројца повредени ученици од кои двајца потешко и еден полесно. Сакам да се заблагодарам на ТППЕ - Кочани и Црвен крст за несебичната соработка со нашето училиште, рече Кирил Георгиев, директор на ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци.

ТППЕ - Кочани ги подржува ваквите активности на училиштата оти истите се од големо значење за учениците да знаат без паника да го напуштат училиштето при евентуално избувнување пожар, но и да се види подготвеноста на ТППЕ при вакви случаи.

-Тука сме денес да претставиме тактичко показна вежба во случај на пожар. Има опожарена училница, евакуација е направена на учениците и наставниот кадар и техничкиот персонал, а воедно директорот не известува дека има повредени тројца ученици кои ги изнесовме и Црвен крст им укажаа прва помош. Вежбата е со цел да се покаже спремноста на нашата единица при вакви случаи а од друга страна дека имаме целосна соработка со сите училишта и на секои две години спроведуваме вакви вежби со цел и учениците и вработените да се запознаат со начинот како треба да реагираат во реална ситуација во вакви случаи, рече Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Паунов додаде дека со сите училишта организираат вакви симулациски вежби преку кои се утврдува колку училиштето е подготвено да реагираа во случај на пожар или несреќа. Вежбите се спроведуваат согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на основните училишта.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 319 гости и нема членови


web counter



qr code