Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

FA-kocani-turcija13.09.2018  Уште една успешна турнеја и уште едно незаборавно дружење на фолклористите на ФА „Кочани“ во градот Бејпазар, близу Анкара во Република Турција.

На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал што се одржува во овој град, кочанскиот ансамбл учествуваше со рекреативната група фолклористи кои и се претставија со три кореографии.

- ФА „Кочани“ со рекреативната група играорци учествувавме на 24. Меѓународен фолклорен фестивал на култура и туризам кој што се одржа во градот Бејпазар, близу Анкара, Р. Турција. Се претставивме со три кореографии - “Малешевија“, “Овчеполе“ и староградски игри. Освен гостувањето и настапите фолклористите имаа можност да прошетаат во градот Анкара и да го посетат музејот со гробот на Кемал Ататурк, на калето на Анкара како и низ турските продавници за шопинг, рече Тони Манасијев, раководител на ФА „Кочани“.

Манасијев информираше дека се уште се во тек уписите на нови членови на ансамблот.

-ФА „Кочани“ врши упис на нови членови, па затоа кој сака да го изучува традиционалниот македонски фолклор може да се запише во ансамблот секој ден од 16.30 до 21 часот во Мултикултурниот центар - Кочани, додаде Манасијев.

Инаку, во последните години фолклористите од ФА „Кочани“ се доста активни во изучување на нови кореографии и ора под раководство на нивните ментори наставници Ристе Горгиев и Ана Николова кои што доста амбициозно влегоа во раководството на ансамблот. Станува збор за ората “Овчеполе“, “Малешевија“, “Малешевка“, “Лазаренки“, “Пијанец“ и други. Фолклористите до крајот на годината и следната година ги очекува уште доста турнеи и настапи во земјава и странство.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 21%
Ветер: West при 11 kmh
Недела14°C/31°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/18°C
Среда3°C/18°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 289 гости и нема членови


web counter



qr code