Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stihuvalki14.09.2018  Карaванот на Фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“ 2018 стигна и во Кочани. Пред кочанската публика претставени песните кои се собрани во Збирката на поетски творби „Стихувалки“ а во која учествуваат и две наши сограѓанки Марина Гоцевска и Јованка Ефтимова.

Нивните песни припаднаа во групата од 49 најдобри кои се дел од оваа „Стихувалка“.

Освен песните за двете кочанки кои се дел од збирката Марина Гоцевска влезе во финалето на фестивалот и се најде меѓу најдобрите 25 од сите пријавени за учество.

- Чест и задоволство ми е што „Стихувалки“ ќе биде претставена и во нашиот град. Се надевам на огромна поддршка од моите сограѓани бидејќи влегов во финале и се надевам на победа, рече Марина Гоцевска, учесник во фестивалот.

-Голема благодарност до Едука Мак и авторот на проектот Ели Маказлиева што ми овозможија да учествувам во „Стихувалки“. Јас не влегов во финале но задоволна сум што мојата песна е дел до оваа збирка поезија за деца. Јас работам со деца и тоа ме поттикна да пишувам позија за нив, рече Јованка Ефтимова, учесник во фестивалот.

Фестивалот и воопшто проектот „Стихувалки 2018“ за прв пат се организира во Македонија и беше одобрен и влезе во Националната програма на Министерството за култура. Истиот наиде на добар одзив од страна на поетите а автор на проектот е Ели Маказлиева и издавачката куќа Едука Мак.

-Идејата за организирање на фестивалот потекна од тоа што во Македонија мал број имаме автори кои пишуваат поезија за деца. Тоа зачи дека ние бевме постојано во потрага по автори. Со овој проект ние овозможивме да се пријават на конкурсот и афирмирани и неафирмирани поети. Всушност дадовме можност и на младите поети кои што сакаат да пишуваат да се јават на конкурсот, но дадовме можност и на тие луѓе кои што работат со деца а се креативни и знаат да напишат песничка, да можат да го сторат тоа. На конкурсот имавме пријавено повеќе од 80 автори од кои што жири комисијата одбра 49 кои што влегоа во збирката „Стихувалки“ , но од тие 49 се избраа 25 кои влегоа во финале и претендираат за парични награди и плакети, рече Ели Маказлиева, автор на проектот „Стихувалки 2018“.

Завршната манифестација ќе се одржи во Скопје на денот на учителот 5 октомври а дотогаш течат фазите на проектот. Од март започна караванот на „Стихувалки“ кој значи и промотивна активност во повеќе градови во Р. Македонија. На таа активност има можност публиката да гласа за најдобрата поетска творба со што ќе помогне на жири комисијата на крајот да се изберат трите најдобри од 25 те кои влегоа во потесниот круг односно во финале. Меѓу тие 25 е влезена и Марина Гоцевска од Кочани која на 5 октомври ќе се бори за победничкото прво место.

Маказлиева рече дека и следната година се надева дека Министерството за култура повторно ќе и го одобри проектот „Стихувалки“ и повторно ќе се трага по нови автори кои пишуваат поезија за деца. Освен читањето на поетските творби од збирката за забавниот дел на промотивната активност се погрижија децата од Јазичниот центар Амичи кои настапија пред многубројната публика.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-8°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code