Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

domasna poseta kocani17.09.2018  Кочани е првата општина во Македонија во која започна да се реализира проектот мобилен сервис за грижа во домашни услови. Со него жителите од руралните подрачја треба да добијат подобра здравствена и социјална заштита.

Носители на проектот, што се разработуваше неколку месеци, се министерствата за здравство и за труд и социјална политика. Партнер е локалната самоуправа на Кочани, а финансиската поддршка е на УНДП.

- За првпат се имплементира еден европски модел на здравствена услуга што жителите од руралните места во регионот ќе ја добиваат во нивните домови. Станува збор за услуга што како медицински сервис ќе значи сервис во областа на хроничните болести, кардиоваскуларни болести, дијабет, мајките со мали деца, постарите лица кои се потешко подвижни, како и сервис од социјалниот рабортник затоа што ова ќе биде еден тим во кој, освен медицинските сестри кои имаа посебен тренинг за давање здравствени услуги во домашни услови, учество зема и социјалниот работник, рече Венко Филипче, министер за здравство. 

За почеток со проектот ќе бидат опфатени жителите од пооддалечените населби во Кочани и од приградската населба Оризари. Исто така, ќе бидат вклучени и граѓаните од соседните рурални општини Зрновци и Чешиново-Облешево.

-Социјалните и здравстевните ризици не се исклучуваат и се испреплетуваат. Македонија досега немаше заеднички сервиси што им се нудат на граѓаните, а со овој сервис покажуваме дека ако заеднички и мултисекторски им пристапуваме на проблемите, граѓаните ќе бидат позадоволни од услугите. Оставам во наредниот период овој сервис да ги покаже своите резултати, граѓаните да се задоволни од овој сервис и конечно да добиеме национална програма за здравствено-социјални услуги, за да можат граѓаните полесно да ги остваруваат своите права. Во пракса тоа би значело дека ако едно семејство има лица со здравствен ризик, не значи дека тие ги знаат своите социјални права. Со учеството на социјалниот работник во овој тим тој ќе ги идентификува кои се можните социјални ризици и ќе ги поврзе со Центарот за социјална работа и со тоа ќе се обезбеди полесен пристап и до здравствени и до социјални услуги за сите граѓани, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Претставничката на УНДП, Луиза Винтон на промоцијата на проектот истакна дека била постигната одлична партнерска поврзаност со двете ресорни министерства, а мобилниот сервис во домашни услови е задолжителна услуга за здравствениот и социјалниот систем во иднина.

Со проектот во Кочани се вклучени четири медицински сестри, двајца социјални работници и еден координатор.

- Граѓаните од општина Кочани ќе добијат мобилен сервис за домашна грижа со посета од стручни лица во руралните делови на општината, на кои им е потребна различна медицинска помош. Информациите за луѓето ќже ги добиваат од матичните лекари и од Општа болница, со што ќе се овозможи луѓето овие здравствени услуги да ги добиваат на лице место, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Ангажираните стручни лица со проектот ќе работтат во период од 9 месеци, при што ќе добивааат бруто плата во износ од 20.500 денари месечно. Освен во Кочани, проектот ќе се реализира и во општините Битола и Ресен.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code