Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bolnica stip18.09.2018  Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна.

Затруените се пожалиле на болки во стомакот, мачнина и повраќање заради што побарале лекарска помош, а поради лошата здравствена состојба веднаш добиле инфузија и неопходни лекарства.

Како причина за труењето лицата го навеле консумирањето торти и колачи од слаткарски дуќан во Виница, на кој по извршениот инспекторски надзор му било издадено решение за забрана за работа.

Од Центарот за јавно здравје од Кочани потврдија дека по известувањето за случајот веднаш се земени примероци од слаткарските производи и од работните површини во дуќанот, а резултатите од испитувањата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Од штипската болница информираа дека по укажаната медицинска помош, сите затруени се со подобрена клиничка слика.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code