Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nsdp tribina18.09.2018  Претседатели на општинските организации и членови на НСДП од регионот на изборната единица број 3 во понеделникoт вечерта се собраа на партиска трибина во Кочани, за да ги разгледаат прашањата околу претстојното референдумско изјаснување, како и за внатрепартиски прашања.

Од името на домаќините на почетокот од средбата присутните ги поздрави Сашко Стефановски, претседател на општинската организација на НСДП од Кочани, а потоа се обрати претседателот на партијата, Тито Петковски.

Тој рече дека изјаснувањето на претстојниот референдум е од клучно значење за натамошното опстојување на Македонија како држава, поради што е неопходна национална хомогеност и обединување на сите граѓани кои живеат во неа.

- Пред нас е историки настан за кој не верувам дека ако ја испуштиме оваа шанса ќе имаме втора шанса таква или дека ќе ни се повтори оваков контекст, меѓународен, па ако сакате и политички, во земјата, да може за Република Македонија да се говори за нејзиниот исчекор меѓу цивилизираниот свет, членки на НАТО, во ЕУ, обезбедени граници, безбедност, стабилност итн. Ве лажат ако ви кажуваат дека не треба ова да се доживува да се биде или не. Да, за Макеоднија овој момент е да се биде или не. Ако се земе предвид историската шанса да ја заокружиме државноста, ако се земе предвид фактот дека добиваме шанса да станеме членка на најмоќниот сојуз, дека добиваме шанса да станеме членка на ЕУ, дека го имаме целиот свет позади нас, во овој историски момент, тоа значи дека има многу поголелеми вредности кои што се сштитат, отколку да речеме името на нашата држава. Ние сме биле федерална единка, Федерална Македонија, Народна Република Македонија, Република Македонија и така натаму, и менувањето со географска одредница со ништо не го доведува во прашање нашиот идентитет, рече Тито Петковски, претседател на НСДП.

Според Петковски, сите македонски влади досега преговарале за решение за името, но ниедна немала решение и храброст да оди до крај со конечен предлог, а постигнатиот договор со Грција треба да се прифати како најповолно решение.

- Ние мораме сега да станеме хомогено, мораме да веруваме дека еднаш во историјата Македонците ќе се обединат околу клучните нејзини државни и национални интереси. Постои ли политичка партија која во својата програма, од тие покрупните говорам, која не предвиде дека кога станува збор за решавањето на спорот со Грција, дека ќе се оди на референдум? Не постои, ВМРО го измисли, СДСМ го прифати, додаде Петковски.

На крајот од обраќањето пред присутните членови на партијата од регионот, претседателот на НСДП рече дека очекува оти мнозинството граѓани ќе дадат позитивен одговор на референдумското прашање, со што засекогаш ќе се затворат прашањата за опстојувањето на македонската држава.

Регионалнатса средба во Кочани потоа продолжи со разгледување актуелни партиски прашања, при што на состанокот присуствуваа и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски и директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, Христијан Трајковски.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-8°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code