Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zemjodelci zadrugi prezentacija19.09.2018  Македонската развојна фондација за претпријатија и водечката организација „Care“ од Германија го спроведуваат проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“. Проектот има за цел да придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата.

Специфичната цел на проектот е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постоечките и создавање нови земјоделски задруги.

Информативна средба со земјоделците се одржа во општинската сала во Чешиново со цел претставување на предностите од здружувањето во земјоделски задруги.

- Низ овој проект предвидени се низа активности како подобрување на законската легислатива, поддршка на организации на самите земјоделски задруги, промотивни активнбости за разбирање на концептот на земјоделските задруги и на крајот финансиска и техничка поддршка на 20 земјоделски задруги од кои планирано е 8 од постоечките и 12 од новоформирани задруги. Она што го правиме сега е практично споделување на информации за самиот проект, за предностите кои ги нуди и за предностите од самото здружување. Фокус ставаме на интересот бидејќи интересот е тој кој треба да ги спојува земјоделците, рече Лазар Неданоски, Македонска развојна фондација за претпријатија.

Здружувањето зависи од самите членови, можат да се здружат во однос на иста култура или ако ги спојува заеднички проблем на пример пласман на различни култури тогаш можат да се организираат и по тој основ, важно е да го знаат интересот.

Направена е длабинска студија на законската регулатива и компаративна анализа во рамките на проектот и се разгледуваат тие прашања. Во основа земјоделската задруга треба да е една од формите на здружување а не значи единствена. Значи можно е здружување и преку здружение, заедничка фирма, значи задругата е нова или поинаква форма на организрање која што во однос на даночниот третман не треба да биде обесправена и правилата за игра во однос на даночната регулатива треба да бидат исти за сите, додаде Неданоски.

На средбата со земјоделците во Чешиново беше претставен успешен пример на земјоделски задруги од регион на Босна и Херцеговина.

- Задругата ја формиравме во 2013 година заради тоа што здружувањето ни донесува економски просперитет. Тоа значи дека нашите жени ги проширија своите мали бизниси и така дојде до потребата за легален пласман и основањето на задругата. Задругарството е најважен и најдобар модел на организирање преку кое се искористуваат разни бенефиции. Побарувачката се зголемува така што искуството покажува дека е многу добро да се биде член на задруга бидејќи во овој систем кога има многу невработени, всушност задругата ти обезџедува да бидеш свој газда, рече Нада Марковиќ од Здружението на жени „Маја“ од Босна и Херцеговина.

Основната причина зошто да се здружат земјоделците во земјоделски задруги е заради поголема конкурентност на пазарот, пониски цени на репрометаријали што се обезбедува преку заедничка набавка, со заеднички преработувачки погони се постигнува поголем обем за преработка и се пласираат поголеми колични на производи кои се унифицирани, како и повисоки цени на готов прпоизвод. Проектот е со времетраење од 38 месеци. Финансиран е од Европската Унија.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code