Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

debata deponii kocani19.09.2018  Дивите депонии и непланското и неселектирано исфрлање на отпадот беше тема на работилницата што се одржа во Кочани, а чиј организатор беше невладината организација “Зелен институт“ од Скопје.

Целта беше да се разгледаат предлози и идеи за изнаоѓање решенија за проблемот со отпадот и дивите депонии на територијата на општината.

Пред присутните беа претставени резултатите од спроведените анкети во неколку градови во државата, меѓу кои и Кочани, при што оценка е дека кај нас состојбата е нешто подобра во споредба со другите.

- Она што го видовме во општина Кочани, покрај десетината депонии што беа измапирани, неколку ги зедовме предвид, за да го испитаме мислењето на граѓаните, видовме дека нивото на свеста на самите граѓани и на оние кои живеат во околината, самите сметаат дека е потребно подигнување на свеста. Од друга страна испитувањата покажаа, интересно, за разлика од останатите општини, дека граѓаните имаат поголемо задоволство од честотата на собирање на отпадот, поставеноста на контејнерите и така натаму, што укажува дека комуналното претпријатие си ја врши својата работа, но очигледно нешто затајува, односно како што беше истакнато на денешната дебата, дека со честото расчистување на дивите депонии всушност се прикажува и едно легализирање на истите, што понатаму повторно се остава простор да се трупa, рече Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“.

Заедничка констатација од дебатата е дека во иднина треба заеднички и активно да се работи за подигнување на јавната свест кај граѓаните за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.

Покрај Кочани, проектот се спроведува во Делчево и во скопските оппштини Кисела Вода и Ѓорче Петров, а поддршка за неговата реализација е добиена и од Министерството за животна средина.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code