Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

centar poprecenost20.09.2018  По повеќегодишно исчекување, конечно во Кочани повторно е отворен Дневен центар за згрижување на децата со попреченост. Сместен е во зградата на детската градинка “Павлина Велјанова“, во клонот кај градскиот пазар.

Објектот има засебен влез од западната страна и располага со две занимални, кујна и помошни простории.

На отворањето на оваа установа, што ќе работи во составот на Центарот за социјални работи од Кочани, присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која рече дека со ова ќе им се подобри квалитетот на живеење на лицата со атипичен развој, особено што ќе се избегне нивното секојдневно патување во соседните градови каде веќе работат слични дневни центри.

- Ние навистина започнуваме да создаваме услуги кон граѓаните затоа што системот за социјална заштита досега не се сметаше дека се однесува и на услугите. Се сметаше дека само трансферот на финансиски средства до семејството и тука завршува целиот систем. Не, вистинскиот систем на социјална заштита значи развој на социјални услуги блиски до граѓаните кои што го помагаат секојдневното живеење. Тоа го создаваме со секој чекор и покажуваме дека ако отвориме центар, утредента кога ќе дојдете вратата нема да биде зклучена како што тоа било пракса порано, туку веќе лицата се вработени, децата се запишани со решенија преку Центарот за социјална работа и тој функционира со секојдневната поддршка на овие лица и семејства кои се згрижуваат тука. Мојата посебна порака е дека овие центри не се само за да ги сместиме лицата со атипичен развој, овие центри се отворени за сите лица кои што сакаат да споделат љубов, емоции и време со овие деца. Важно е и децата од центарот да ги изнесеме во општеството и да се социјализираат, зошто само така ќе им го подигнеме достоинството и ќе го едуцираме и еманципираме нашето население, рече Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Дневниот центар во Кочани во моментот го посетуваат четири деца со попреченост, а максималниот капацитет е 20 лица и тој може да обезбедува услуги и за граѓаните од соседните општини.

- Во работата со лицата е предвидено да се работи индидвидуално и групно, но и советодавно планираме да работиме со нивните родители со цел за поефикасно извршување на оваа дејност. Она што мене позитивно ме изненади во последните денови е зголемениот интерес на професионални лица кои сакаат да волонтираат во нашиот центар бидејќи ја препознале идејата за отворање на ваков центар, па сакаат да волонтираат со цел нивното знаење да можат да го искористат овде, што од хуман аспект значи многу за нас, рече Кирил Ковачев, доректор на Центар за социјални работи – Кочани. ите проекти со кои ќе им се подобри живеењето на граѓаните, без разлика на која социјална категорија и припаѓаат.

- На овој центар се чекаше долго, од причини што сите добро ги знаеме, најпрво овој центар беше еднаш како ставен во функција, но како што гледате не функционираше толкав период  и нашата одлучност да истраеме и да го ставиме во функција. На крајот, благодарение на Министерството и министерката за труд и социјална политика, еве денеска сме сведоци на отпочнувањето со работа на овој центар. Како што веќе реков, децата со посебни потреби ќе ги добијат потребните услуги и се надевам дека на задоволство на сите, ќе се сретнеме, ќе разговараме и ќе го прошируваме центарот во зависност од потребите на граѓаните на општина Кочани, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За почеток во Дневниот центар се вработени четири стручни лица, а според министерката Царовска, нивниот број ќе се зголемува како што ќе расте бројот на лицата што ќе бидат згрижени.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code