Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

spomenik na slobodata kocani21.09.2018  Определбата на Локалната самоуправа на Кочани да го оплемени и да го заживее просторот на Споменикот на слободата ќе продолжи и во наредниот период, со оглед што тој е влезен во проектите за кои се бара финансиска подршка.

До Светска банка е поднесен проект вреден 345 илјади евра за реставрација и конзервација на Споменикот, кој заедно со проектот за уредување на околината, би резултирал со комплетно уредена целина.

Истовремено, таквите заложби добиваат сеопфатна поддршка, не само од граѓаните на Кочани, туку и од гостите и од оние кои на специфичен начин се поврзани со овој значаен објект.

Од семејството на уметникот Глигор Чемерски, кој е творец на најголемиот мозаичен комплекс на Споменикот, а со тоа и на Балканот, сметаат дека неколкуте културни настани што летово се организираа на оваа локација, се вистински начин да му се врати сјајот на објектот.

- Многу позитвно гледам на тие активности, самата се залагам и учествувам во тој проект со сиот свој влог што го имам, и интелектуален и емотивен, и мислам дека местата како што е овој споменик нудат исклучително многу можности за во иднина, за нови форми на комуницирање, и воопшто за користење на овој простор кој има премногу потенцијал. Сметам дека градот Кочани има едно фантастично место коешто може да го користи, коешто инспирира, и местото и градот ќе ползуваат од таа соработка и од одржување настани, тука на овој простор, рече Елена Чемерска, ќерка на уметникот Глигор Чемерски.

Чемерска рече дека важно е да се направи целосно обновување на внатрешноста на Споменикот и потоа да се изнајде начин за заштита и конзервција, за што е подготвена и сама да даде свој придонес.

- На тоа можам да кажам дека заедно се трудиме да направиме еден проект којшто на подолгорочен план ќе го заживее Споменикот. Првично, физичкиот простор да се обнови и да се врати во онаа состојба која е посакувана, а потоа да се стави во некоја ситуација во која ќе може да се одржува, да се користи, можеби да се вмрежи со слични споменици или некои други културни туристички точки. Да постои комуникација, да се маркирани добро, за да може дури да генерираат и работни места преку нивна експонација на туристичката, на менталната, на културната, на секаквата мапа на Македонија, додаде Чемерска.

Ова лето, по подолг период пауза, на Споменикот на слободата имаше културни настани, што придонесе граѓаните повторно масовно да го посетат. Со театарската претстава “Солун, град на духови“, потоа дебатата за ЕУ и перспективите на младите, како и дводневната техно-журка, се најавува само почеток на реализарањето на заложбите овој објект да биде ставен во вистинска функција и да прерасне во култно место за специфични настани, во кои посебно место би имале младите.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 54 гости и нема членови


web counter



qr code