Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stolcinja stadion21.09.2018  По подолг период на стадионот “Никола Мантов“ ќе има подновување во поглед на обезбедувањето подобри услови за гледачите.

На објектот веќе се донесени нови пластични столчиња како донација, а што е дел од планот за подобрување на инфраструктурните услови. Се очекува во наредните денови да започне монтирањето на столчињата на западната трибина.

Од ГФК “Осогово“ рекоа дека со тоа се остваруваат најавите од минатата година оти ќе се работи на унапредување на условите за работа, но и на подобрување на условите за посетителите.

- ГФК “Осогово“ обезбеди 1.500 нови столчиња кои ќе се монтираат на стадионот “Никола Мантов“  и истите се донација од Фудбалската федерација на Македонија. Се надеваме дека со помош на Локалната самоуправа и на КЈП “Водовод“ ќе успееме да ги монтираме столчињата, се со цел за подобар комфор на гледачите во наредните неколку години, рече Венко Крстевски од ГФК “Осогово“. 

На западната трибина на стадионот “Никола Мантов“ веќе има околу 500 пластични столчиња што беа монтирани пред повеќе години, а со новата донација практично ќе се обезбедат подобри услови за седење на целиот простор на трибината.

Крстевски најави дека во план е продолжување на соработката со ФФМ и се преговара за реализација на нови проекти, а за што се бара поддршка и од Локалната самоуправа.

- Станува збор за фудбалско игралиште со вештачка подлога за кое е потребно да се обезбеди маркица од страна на Општината. Истите тие игралишта ќе се даваат на неколку пати од страна на ФФМ во наредните три години по три игралишта и се надеваме дека Кочани ќе биде град кој што ќе успее да добие едно од тие игралишта, бидејќи како што знаете ние сме еден од ретките градови во Македонија коишто имаат само еден фудбалски терен. Фудбалскиот терен е неопходен пред се за младинските категории, за подобар и непречен развој на фудбалерите. Исто така, работиме на проект за промена на подлогата на стадионот “Никола Мантов“, бидејќи истата има повеќе видови трева, односно трева што не е теренска. За да се замени подлогата неопходно е да се добие дозвола од Министерството за животна средина, пред се да ја искористиме приликата што овде се Осоговските Планини, и од таму да ги искористиме бусените трева за да ги поставиме на нашиот стадион, бидејќи имаме огромна потреба за подобрување на условите за одигрување на натпревари, додаде Крстевски.

Крстевски истакна дека се преоговара со КЈП “Водовод“ да помогне во монтирарњето на пластичните сточлиња на стадионот во Кочани. Притоа нагласи дека очекува веќе во следното коло, кога “Осогово“ ќе игра на домашен терен, публиката да може да ги користи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code