X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo zelen pojas24.09.2018  Македонското еколошко друштво во соработка со спортските здруженија  „МТБ Исток“ и „Москито“ од Кочани го одбележa 23 септември -Денот на Зелениот појас.

По тој повод беше организирана велосипедскатуранаречена „По патека на Железната завеса“, која ја следи некогашната Железна завеса, низ предел кој е живописен спој на природата и историјата.

Со градоначалниците на Кочани, Македонска Каменица и Крива Паланка – Николчо Илијев, Соња Стаменкова и Борјанчо Мицевски беше реализирана средба на на врвот Сокол, каде се споделија идеи и размислувања околу иницијативата за прогласување на Осогово за заштитено подрачје.

Од МЕД истакнуваат дека оваа тура е само една од низата активности за дополнителна промоција на вредностите на Осогово, кои се од национално и европско значење. Притоа нагласија дека сите заеднички треба да дејствуваат и да дополнуваат уште многу природни и туристички локации на картата на Осоговскиот Регион.

Градоначалниците кои учествуваа на средбата на врвот Сокол беа единствени во ставот дека дел од Осоговските Планини во следниот период треба да се прогласат за заштитен предел и со тоа да се зачува биодиверзитетот на ова подрачје, од една страна, и да се подобри животот на локалното население, од друга страна.

Нашата земја, како дел од иницијативата „Европски зелен појас“, трета година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас. Иницијативата „Европски зелен појас“ се стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на Студената војна. Еколошката мрежа „Европски зелен појас“ поминува низ 24 европски земји.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click