Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

infektivno oddelenie stip24.09.2018  Седум лица од Виница кои се пожалиле на труење со храна се задржани на лекување во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Од Здравствениот дом во Виница потврдија дека во изминатите два дена кај нив на преглед се јавиле поголем број пациенти со стомачни проблеми, главно со симптоми на повраќање и дијареа, од кои дел биле препратени во штипската болница.

Најголем број од затруените се пожалиле дека јаделе храна од сендвичарница во Виница, но дел од нив биле на прослави и во соседните градови.

- Во саботата и неделата на инфективното одделение донесени се сдум лица, затруени од храна и тие во моментот се на оделението, под терапија. Лицата се од општина Виница. Најмалиот пациент е 13 години, а најстариот е 57 години, рече Марина Шуманска , портпарол на Клиничка болница - Штип.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека веќе се земени примероци од храната и од работните површини во сендвичарницата и резултатите се очекуваат утре, а превентивно од страна на санитарната инспекција е издадено решение за забрана за работење.

За една недела ова е втор поголем случај на труење со храна во Виница, откако минатиот вторник пет лица беа задржани на лекување во болницата во Штип, при што се пожалија дека консумирале производи од слаткарница.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 59 гости и нема членови


web counter



qr code