X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

precistitelna stanica kocani25.09.2018  Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани се реализира според планираната динамика и сите оперативни објекти се во завршна фаза.

Градилиштето кај кочанското село Мојанци, каде што е лоциран комплексот за пречистување, го посети амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада при што на работна средба со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании беа претставени тековните активности.

На средбата присуствуваше и градоначаллникот на Кочани, Николчо Илијев, при што гостите го пренесоа задоволството од тоа како се одвиваат градежните работи.

- Мене ми е драго што сум денеска повторно во Кочани, последната посета беше пред шест месеци. Ме радува што гледам гледам очигледен прогрес на градежните работи на пречистителната станица за отпадни води. Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на оваа година, а пуштањето во оперативност, односно во работа да биде во средината на идната година, рече Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија.

Паралелно со изградбата на пречистителната станица, во завршна фаза е и примарниот фекален колектор со должина од 12 километри што ќе ја поврзува постојната канализациска мрежа во Кочани и приградската населба Оризари, како и во селата Горни Подлог и Мојанци.

Со реализацијата на проектот дополнителен бенефит ќе има и за комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, кое ќе стопанисува со станицата за пречистување на отпадни води.

- Задоволни сме од она што го гледаме, задоволни сме од соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање и секако од соработката со Општина Кочани. Покрај градежните работи што тука се одвиваат и би требало да бидат завршени до крајот на оваа година, а да се пушти пречистелната станица во работа идното лето, ние работиме на зајакнување на капацитетите на КЈП “Водовод“ за да го зголемиме нивното знаење и да ги подобриме работните практики, за да можат да пружат подобри услуги за своите граѓани, односно услуги со добар квалитет, рече Франсоа Саломе, претставничка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања - СЕКО.

Со Пречистителната станица ќе бидат третирани отпадните води од градот Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.

Проектот е со вкупна вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои наjголемиот дел е на Швајцарската агенција за развој и соработка, а 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNE при 15 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click