Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica pred asfalt26.09.2018  Во реализацијата на програмата за изградба и рекјонструкција на сообраќајната инфраструктура за оваа година, Локалната самоуправа на Кочани го вклучува докомплетирањето на уште три улици во градот. Се работи за делови од улиците “Блаже Поп Арсов“, “Ѓорѓи Пулески“ и “Стамен Манов“.

Според проектната документација, планирано е целосно да се завршат, односно да се доасфалтираат уште околу 800 метри на трите улици.

Притоа, освен асфалтирањето на “Блаже Поп Арсов“ предвидено е да се изградат и потпорни ѕидови во должина од околу 20 метри со што ќе се стабилизира теренот каде што подоцна ќе се изведуваат планираните градежните работи за асфалтирање.

Општина Кочани веќе објави јавен тендер за избор на најповолни понуди од заинтересираните изведувачи на градежните работи.

Вкупната вредност на градежните работи се планира на околу 4 милиони денари. Парите за учиците “Блаже Поп Арсов“ и “Стамен Манов“ се обезбедени од Буџетот на државата, преку програмата за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, додека пак средствата за улицата “Ѓорѓи Пулески“ се од Буџетот на Општината со Програмата за изградба и реконструција на улици и локални патишта во 2018 година.

По потпишувањето на договорот со фирмите чии понуди ќе бидат избрани како најповолни, асфалтитрањето на трите улици треба да се реализира во период од 1 до 5 месеци.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code