Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zaev vinica26.09.2018  Граѓаните на Македонија имаат историска шанса да ја определат натамошната иднина на државата и јас верувам дека ќе ја искористат со тоа што позитивно ќе се изјаснат на претстојниот референдум за стапување во сојуз со развиените и демократски земји во Европа и светот.

Ова го истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибина со граѓаните на Виница што се одржа во вторникот вечерта, како дел од предреферендумскиот караван на коалицијата “Заедно за европска Македонија“.

Притоа, Заев ја истакна важноста на постигнатиот договор со Грција и рече оти очекува поддршка од граѓаните на референдумското изјаснување.

- Одлуката е историска, конечно го потврдивме нашиот идентитет и нашиот јазик. Прашањето беше како се зачувува идентитетот и јазикот, затоа што идентите не се преговара, тоа е чувство, тоа е нешто што сме се родиле со него и живееме до крајот на животот, и го пренесуваме на нашите внуци. Ние сме биле Македонци, сме Македонци и ќе бидеме за век и веков Македонци. Важно е што сме сега признати и од Грција и од Бугарија, од целиот свет сме признати, никој повеќе не не негира. Никогаш повеќе нема да не повредува чувството на тоа ФИРОМ кога ни го редат пред спортските клубови, младите кога одат насекаде по светот, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Зборувајќи за економските придобивки за локалните самоуправи од влегувањето во ЕУ, Заев истакна дека финансиската помош од европските фондови ќе биде многу поголема од сега.

- Општини како Виница имаат меѓу 2 и 5 милиони евра годишно грантови, директно од ЕУ, за училишта, за водоводи, канализации, за тротоари, за спортски терени, за детски градинки, за се што претставува потреба на една локална заедница. Оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, затоа што секој наш деловен човек ќе може плус да аплицира за помош од кохезивните фондови на ЕУ кога ќе набавува нови машини и опрема да поврати до 80 отсто од парите. Сега Македонија помага, даваме државна помош, преку Фондот за иновации даваме 10 милиони евра, дополнително 70 милиони евра е севкупната поддршка во стопанството. Со ЕУ поддршката ќе биде поголема од 700 милиони евра годишно, додаде Заев.

На трибината пред граѓаните на Виница зборуваа и градоначалникот Ивица Димитров, како и сопственикот на компанијата „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, кои ги повикаа своите сограѓани да излезат на референдумското изјаснување и да дадат поддршка.

- Имаме две цели и тоа едната е дали ќе влеземе во ЕУ и НАТО, а другата е дали ќе бидеме изолирана држава. Јас сум за првата, за влез на општина Виница, за влез на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Токму ние сме таа генерација која што мора да зграпчи силно, да каже стоп, доста е манипулативни политики, сите да застанеме цврсто за влезот на Македонија во ЕУ. Таа ни дава отворени граници, нови инвестиции, стандардот на граѓаните ќе се подобри, ни дава посигурна инфраструктура, посигурна иднина за нас и за нашите деца, рече Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

- Ќе гласам “за“ затоа што на Македонија и е потребна безбедноста која и ја дава НАТО, членувањето во НАТО сојузот. Со тоа ќе бидеме побезгрижни и похрабри, ние од бизнис-секторот повеќе да инвестираме и повеќе да го развиваме бизнисот, и уште повеќе да имаме можност да вработуваме и да го подобриме стандардот на вработените, рече Глигор Цветанов, директор на “Макпрогрес“ – Виница.

На крајот од трибината лидерот на СДСМ, Заев одговораше на прашања на дел од присутните. Притоа ги повика и партиските членови на опозицијата да излезат на гласање на референдумот, без разлика дали ќе се изјаснат “за“ или “против“, со што ќе дадат легитимност на одлуката што ќе биде донесена.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code