26.09.2018 Кочани една од трите општини каде што ќе проработи агрометеоролошката станица, што е инсталирана на површините на Земјоделскиот институт.
Станицата е обезбедена во рамки на Проектот за намалување на негативното влијание од климатските промени. Таа ќе им биде од корист на земојделците заради навремено информирање во врска со временските непогоди.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оцениле дека Кочани е еден од регионите што се загрозени и во последниве години се забележани големи штети во земјоделството,а со оваа станица навремено ќе се имаат потребните информаци за состојбата со времето.
Сите податоци што ги мери станицата се прикажуваат на веб страницата agrometeo.mk, а истата ќе се оддржува од страна на Управата за хидрометеролошки работи. Станицата нуди историски подароци за климата, агрометеоролошки аларми, како и фенолошко набљудување и предвидувања што ќе им бидат од корист на земјоделците.
Новата метеоролошка станица ќе помогне во собирање важни климатски податоци од општината и ажурирање на агрометеоролошки информации од важност за локалните производители.
Освен во Кочани слични агрометеоролошки станици се поставени и во Градско и Струмица.
И. Матеничарски
6°C
Кочани