X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zetvarska ubavica 201828.09.2018  Во конкуренција од 12 преубави девојки на традиционалниот избор на жетварска убавица, жири комисијата имаше тешка задача да ја избере најубавата.

Престижната титула жетварска убавица на Кочани за 2018 година ја понесе 17-годишната Марија Симеонова од Кочани, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

- Многу сум задоволна и среќна што ја понесов оваа титула Жетварска убавица на Кочани за 2018 година. Прв пат учествувам во оваа манифестација и не ја очекував наградата, рече Марија Симеонова, жетварска убавица на Кочани за 2018.

За прва придружничка  на жетварската убавица беше избрана Вања Дојчинова, а за втора Благица Христоска.

Изборот на  жетварската убавица претставува своевиден уметнички перформанс преку кој се прави спој на традицијата и современото, спој на музиката, убавината и младоста. Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчарската школа „Ит д` бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.

Трите најубави жетварки ќе учествуваат во обичајот зажнејување што во присуство на делегации од повеќе држави и амбасади ќе се изведе в сабота, 29 септември, на нива во Институтот за ориз во Кочани.

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ в петок  се одигруваат натпревари од турнирот во баскет, а настапуваат Ouroboros, Драган Теодосиев квартет, Sethstat и Мирко Попов, како и  тетовскиот музички состав Conquering Lion. 

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 57 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click