X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

info centar ponikva01.10.2018  Со поддршка на програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со швајцарската влада, на Пониква викендов беше отворен туристичкиот информативен центар.

Се работи за објекти во сопственост на општина Кочани што со финансиската поддршка беше реновиран и опремен, а се уреди и неговата околина.

На  промоцијата на инфоцентарот „Пониква“, на која присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, беше истакнато значењето на проектот за регионот. 

- Туристите кои доаѓаат на Пониква во текот на целата година ќе имаат можност да добијат информации за интересни локалитети од Источно планскиот регион, кои вреди да бидат посетени поради нивните природни и културни вредности. Овој инфоцентар заедно со едукативниот центар во Пехчево, кој исто така е пуштен во употреба, а поддржан од Програмата за зачувување на природата, ќе се надополнуваат и заедно ќе ја збогатат туристичката понуда како центри во кои секој човек може да добие информации за целиот регион и да бидат своевидни центри на идните заштитени подрачја Осогово и Ченгино Кале, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Министерот за локална самоуправа, Фазлиу рече дека државата ќе продолжи со поддршката за развој на туризмот во регионот. 

- Владата на Република Македонија оваа година ги има дуплирано средствата за рамномерен регионален развој. Во моментот во источниот плански регион започнува реализацијата на десет нови инфраструктурни проекти или техничка документација за развој на планскиот регион, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, во вредност од 36 милиони денари од буџетот на државата преку програмата за рамномерен регионален развој, рече Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа. 

Во промоцијата на туристичкиот информативен центар се вклучија и членовите од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани кои демонстрираа дел од своите вештини.

Инфоцентарот „Пониква“ е изграден со реконструкција на стар воен објект, кој еден период функционирал како воена болница. Во првата фаза зградата беше комплетно обновена и внатрешно уредена, а со втората фаза се изградени амфитеатрален простор за интеракција со туристи, инфо-терминал и место за одмор. 

Во објектот туристите можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали, како и сувенири за продажба. Инфоцентарот располага со сала за состаноци и семинари што може да се изнајмува, со што ќе се обезбедуваат средства за одржување на објектот.

Со овој проект е изработена веб-страницата www.osogovo.mk на која има податоци за осоговските туристички атракции, новости, настани и камера во живо со информации за моменталната температура, влажноста на воздухот, брзина и насока на ветерот.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click