Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfaltiranje jakimovo03.10.2018  Механизација и работници на градежната компанија “ВЕ-група“ од Радовиш го завршија асфалтирањето на една од централните улици во селото Јакимово, со што Општина Виница ја продолжува реализацијата на проектот за изградба и комплетирање на 12 улици во градот и во населените места.

Градежните работи на сообраќајницата во Јакимово чиеа над 500 илјади денари, а со нејзиното завршување се решава важно инфраструктурно прашање, со оглед што таа е и дел од локалниот пат кон селото Истибања.

Од Локалната самоуправа се задоволни што навреме е реализиран планот за асфалтирање и најавуваат дека проектот продолжува во другите населени места во општината.

- Најстарата улица во Јакимово после 60 години доби асфалт. Со асфалтирање на оваа улица го завршуваме тендерот предвиден за ова година со средства од буџетот на Општина Виница. Оваа улица е долга 450 метри, а продолжуваме со асфалтирање и на други улици, а тоа е пробивање на патот од селото Трстија, преку маалото Петревци и Беловци до училиштето во селото Грљани. Тоа е пат што е во должина од 1.800 метри и очекуваме дека од следната недела ќе почнеме да го асфалтираме и овој патен правец, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Жителите на Јакимово се задоволни што по повеќе од пет децени конечно добија асфалт и современ пристап до своите домови.

- Мислам дека редно беше, бидејќи ова е најстариот дел на селото, целокупниот пораст на селото се темели на овој дел, значи ова е делот од каде најпрво селото почнало да се шири, луѓето овде почнале да градат со свои раце, со самопридонес, со ангарија, и еве најпосле начекавме да добиеме еден модерен патен правец каде некаде триесетина четириесетина куќи се наоѓаат на потегот од почетокот до крајот, значи преку 120 луѓе живеат на оваа улица, рече Благој Соколов, жител на Јакимово.

Со проектот за изградбата на 12 улици во оопштината, Локалната самоуправа на Виница од сопствениот буџет издвои околу 11 милиони денари. Се очекува изградбата на преостанатите сообраќајници да заврши до почетокот на идниот месец.

T. Aјтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code