X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat ponikva112.10.2018  Започнаа градежните работи за реконструкција и преасфалтирање на патниот правец од Кочани кон туристичко-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини, за што државата вложува близу 102 милиони денари.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев го посети градилиштето, рече дека во овој регион се започнати крупни инвестиции во патната инфраструктура.

- Тука сме на Пониква, еден од најатрактивните зимски туристички центри во источна Македонија, покрај она што ќе значи реконструкција на овој пат, се работи сериозно на развој на туризмот. Нашите очекувања се дека за неколку месеци овој патен правец ќе биде целосно реконструиран, односно саниран, така што сите граѓани коишто ја посетуваат Пониква и со делот на хотелско сместување и во делот на нивните викендички, ќе можат по безбеден пат тоа да го прават. Сакам да потенцирам дека Владата на Република Македонија, преку Министерството, преку Јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира околу 60 милиони евра во делот на Кочани и кочанскиот регион, се однесува се разбор ана она што се работ на експресниот пат Штип - Кочани, ќе се реконструира обиколницата околу Кочани, патот на кој сме денеска тука,  така што она што ние како Влада, како Јавно претпријатие за државни патишта беше ветено ќе биде во целост исполнето од наша страна, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Реконструкцијата на коловозот, чија вкупна должина е околу 22 километри, е започната од правец на Пониква, каде што оштетувањата беа најголеми.

- Патот, којшто на барање на Општината и на луѓето кои гравитираат кон овој регион, а изграден пред некои 35-40 години, заборавен од времето, ние во најбрз можен рок го тендериравме, отпочната е изгрдабата, рехабилитацијата во должина од 10 километри, широчина од 6 метри и истиот треба, согласно временските услови колку што дозволуваат, така да може да биде завршен. Ова не е динствено нешто, од понеделник започнува другиот пат Тркање - Пишица, кој опфаќа исто така во општина Кочани, да не го повторувам експресниот пат којшто се гради од Штип кон Кочани, а во меѓувреме се завршува еластичната ограда, се друго е рехабилитирано на патот од Кочани - Македонска Каменица до Делчево, рече Зоран Китанов, директор на Јавното прептријатие за државни патишта.

Градоначалникот на Кочани, Илијев рече дека рехабилитацијата на патот, заедно со проширувањето на паркинг просторот на Пониква, ќе помогне во реализирањето на плановите на Општината за унапредување и развој на планинскиот туризам.

- Навистина ова е еден прав чекор за развојот на Пониква и на Осоговието, навистина без пристапен пат ова немаше да биде можно, и ова овозможува Пониква и Осоговието продолжат да се развиваат во правец којшто ние веќе одамна го имаме замислено и зацртано во нашите долгорочни планови, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Министерот Сугарески додаде дека во текот на наредната недела се очекува да започне распределбата на 43 станови за граѓаните од социјално ранливите категории во новоизградената зграда во Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

Кочани

Влажност на воздухот:
Ветер: при
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 63 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click