Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

meteoroloska poseta16.10.2018  Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Методи Митевски - Брицо“ од Делчево и со професорите по географија Ирина Тодорова и Сребрен Ѓорѓиевски, во заедничка соработка и реализирање часови на тема „Синоптиката како дејност во служба на луѓето“ со посета на метеоролошката станица во Виница.

Од таму се вратија и реализираа час во кочанската гимназија.

-На заедничката активност беа објаснети сите метеоролошки елементи. Се вративме тука, во нашата гимназија, и им посакавме добредојде на гостите со еден отворен час за метеоролошките елементи. Јас зборував  за температурата, за релативната влажност, за маглата, за количеството на врнежи, за ветровите а колегата зборуваше за синоптиката и за метеорологијата како наука. Мислам дека дружењето треба да продолжи бидејќи видовме дека и самите ученици се задоволни од средбата и не поканија и ние да бидеме нивни гости, рече Ирина Тодорова, професор по географија во СОУ „Љупчо Сантов“. 

-На овој отворен час имавме можност да се запознаеме со сите оние мерни инструменти кои што се употребуваат за мерење на мерните величини и прогноза на времето за овој регион. Имавме убава презентација од вработените. Им се заблагодаруваме на учениците и вработените во СОУ „Љупчо сантов“ и ги покануваме и тие да бидат наши гости, рече Сребрен Ѓорѓиевски, професор по географија во СОУ „Методи Митевски - Брицо “ Делчево.

Со вакви заеднички дружења учениците и професорите од двете средни училишта ќе продолжат и во иднина со цел реализирање заеднички часови и полесно совладување на наставниот материјал.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code