Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kiril i metodij15.10.2018  Ликовна работилница на тема „Витраж“ се одржа во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на ликовниот уметник Владимир Темков.

Целта на ваквите  работилници е преку директните контакти и средби со врвните ликовни уметници учениците да ја научат сликарската техниката „витраж“ но и да се развие и зголеми љубовта и интересот кон сликањето и уметноста.

Активноста е дел од проектот „Сонцето е ѕвезда“ чија цел е витражот како техника да ја приближи до учениците.

- За витражот како техника малку се знае во Македонија бидејќи тој во еден период го  застапуваше сликарството на катедралите и црквите. Во последните дваесесетина години витражот зазема место во декоративното сликарство и почнува да се употребува во секојдневниот живот. Затоа и сакаме преку овие работилници да го приближиме витражот како техника до учениците, а гледаме дека и од нивна страна заинтересираност има, рече Владимир Темков, ликовен уметник.

Наставничката по ликовна уметност  Марија Мицова - Гацова рече дека ваквите средби се добредојдени кај учениците и дека радува фактот што  секоја година од училиштата излегуваат ученици кои своето образование го продолжуваат во областа на уметноста.

Освен ликовниот уметник Владимир Темков гости на работилницата беа уметникот Новица Трајковски и ликовни уметници од Русија. Инаку, активноста се реализира во соработка со ЦК „Бели Мугри“ Кочани.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code