Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ljupco santov1115.10.2018  Екипа од 20 ученици и 5 професори од СОУ „Љупчо Сантов“ викендов беа дел од едукативната работилница во село Негрево, Пехчевско во новоотворениот едукативен центар за зачувување на природата.

Истиот е отворен со  финансиска  поддршка  од Швајцарска агенција за развој и соработка преку проектот за зачувување на природата.

- Кустосот Верица Арнаутовска таму не информираше за целта на постоење на едукативниот центар и меѓу другото промовираше дека целиот тој регион спаѓа во групата на заштитени подрачја од причини што таму е најдено едно инсективорно растение кое што се храни со инсекти кое што е ендемски вид и не се среќава на друго место. Од  тие причини е заштитен со цел да се одржи таков како што е и да овозможи да се зачува биодиверзитетот, рече Зора Чурева, претседател на еко-одборот во СОУ „Љупчо Сантов“.

 

Меѓу другото освен посетата на тој едукативен центар   училишниот тим  имаше можност да присуствува  и на еднодневната работилница на истата тема во организација на Македонското еколошко друштво.

Работилницата, додава Чурева, се одвивала во насока на размислување да може текот на реката Брегалница во делот од Делчево, Македонска Каменица кон Кочани, па се до вливот во Вардар да стане заштитено подрачје и како би можело да се преземат активности за зачувување на биодиверзитетот како што е направено во беровско - пехчевскиот крај со изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code