Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

mobilnost tortijada24.10.2018  На 21. јубилејна манифестација „Тортијада“, што во организација на здружението „Мобилност“ од Струмица, а финансиски поддржана од „Мобилност“ Македонија жените членови на здружението на телесни инвалиди од Кочани го освоија второто место со тортата „Горда мајка“.

Во силна кокуренција со учество на 15 здруженија на телесни инвалиди од Македонија кочанските жени Тања Миладинова и Здравка Данева од „Мобилност“ Кочани го освоија второто место.

Тања Миладинова и Здравка Данева додадоа дека овој пат сакаат да ја покажат својата хуманост и затоа средствата што ги добија од наградата за второ место на „Тортијадата“ ќе бидат донирани во хуманитарни цели за помош на Андреј Стојанов од Кочани кој боледува од церебрална парализа и му се потребни средства да замине повторно на третман со матични клетки во Русија.

Манифестацијата на здруженијата на телесни инвалидитети праќа една јасна порака за заложба за изедначување на правата на лицата со телесен инвалидитет и дека и овие лица и покрај физичкиот хендикеп сепак можат да учествуват во разни манифестации и можат да се докажат и да покажат дека и покрај хендикепот кој што го имаат сепак се се исти како другите луѓе.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code