Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ilijev kancelarija25.10.2018  На денешен ден точно пред една година градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ја презеде функцијата.

На локалните избори во октомври минатата година, на кои оствари предност од 3.700 гласови во однос на противкандидатот Ратко Димитровски, Илијев оствари победа уште во првиот круг, по што следуваа правно-формалните и законски рокови пред да седне во градоначалничката фотелја.

Една година подоцна, осврнувајќи се на активностите што ги реализираше, во гостувањето на програмата на Канал 8 тој ја потенцираше наследената лоша финансиска состојба и задолженоста на Општината, што бил еден од најголемите предизвици на стартот на неговиот мандат.

- Имавме доспеани, во моментот на преземањето на функцијата, доспеани обврски од 49 милиони денари, нешто што навистина беше загрижувачко, а во меѓувреме стигнаа фактури за уште 27 милиони денари, со што вкупниот долг порасна на 76 милиони, нешто што многу нè загрижуваше. Благодарение на периодот што следуваше во кој немаше јавни набавки што создаваат нови обврски, ја искористивме можноста да ги вратиме долговите и да ги затвориме вентилите како што се излеваше повеќе одошто е потребно, успеавме со рационализација на трошоците, до крајот на мај, да објавиме дека сме Општина без долгови. Со динамиката со која одиме, со начинот на кој се договорени цените за превоз на учениците и со блок-дотациите што ги добиваме, храбри сме да кажеме дека до крајот на идната година очекуваме најголем дел од обврските за превоз да бидат подмирени. Евентуално ќе ни бидат потребни година до година ипол, максимум, за да ги расчистиме сите долгови и во делот на образованието, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Осврнувајќи се на проектите што беа најавени и што треба да се реализираат во наредниот период, Илијев истакна дека голема пречка била неусогласеноста на Генералниот со деталните урбанистички планови, поради што активностите во изминатата година биле во тој правец.

- Во Кочани, според деталниот урбанистички план немаше планирано градежна парцела каде ќе се гради детска градинка, нешто за што ни е потребна една година за да го измениме планот. Иако уште на почетокот конкуриравме за изградба на детска градинка на повикот од страна на на Министерството за труд и социјална политика, од каде добивме позитивни сигнали дека е можно тоа да биде финансирано од Министерството – ние немавме соодветна локација. Во истиот момент почнавме да работиме и верувајте во понеделникот потврдија дека е завршена ревизијата на урбанистичкиот план за Градска четврт број 9 каде што испроектиравме и детска градинка. Сакаме да предвидиме, односно да проектираме катна гаража во централното градско подрачје со повеќе паркинг места, помеѓу 200 и 300 места, во зависност од просторот што сега се разработува, значи она што ќе ни биде дадено како можност. Една од пречките за барање инвеститор или за конкурирање, аплицирање на некој повик од страна на Владатадосега ни е оневозможено бидејќи ние ниту имаме предвидено, според Деталниот урбанистички план, катна гаража, а уште помалку проект за катна гаража, како и за многу други работи, додаде Илијев.

Илијев рече дека во тек е постапката за решавање на статусот на жителите од Старата касарна, за кои е обезбедена локација за изградба на објекти за нивно сместување, а наскоро ќе бидат отворени и две паралелки за ран детски развој во Кочани и Тркање. Истовремено тој ги повика граѓаните со свои иницијативи да се вклучат во работата на локалната самоуправа, посебно во решавањето на инфраструктурните и други проблеми.

- Таа политика или политичка поделеност, јазовите помеѓу двете политички партии се приметуваат од време на време и во Советот, од причини што навистина проекти што ги нудиме се гласаат, меѓутоа без дебата, нешто што е недозволиво за едно демократско општество. Значи ние нудиме транспарентност, однапред донесуваме буџет и кажуваме која улица ќе се гради, транспарентно, пред да почнеме отвораме дебата, таа дебата е за да видат граѓаните што ние ќе работиме во наредниот период, а советниците да кажат. И да не корегираат, можеби ние грешиме, не таа улица, друга улица има приоритет. За жал, тие одлуки поминуваат без дебата. Да, едногласно, со гласање во Советот, точно така, и тоа покажува дека проектите се добри, меѓутоа иако се добри тие заслужуваат еден вид на дебата, истакна Илијев. 

Иако се уште е рано за планирања во врска со можностите за кандидаирање за уште еден мандат, Илијев смета дека такво нешто не би прифатил.

- Моето место ниту е во политиката и во ваква констелација не размислувам за втор мандат. Размислувам, и желбата ми е ова што го работам да заврши што е можно побрзо и да направам што е можно подобри резултати за граѓаните на општина Кочани и на ништо повеќе, заклучи Илијев.

На крајот од неформалното обраќање во јавноста, Илијев оцени дека за неговото работење, не само за овој едногодишен период, туку и воопшто за целиот мандат, очекува оценка да дадат граѓаните, без разлика дали на локалните избори гласале за него илио не.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code