Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pozarnikari1

26.10.2018  По нешто повеќе од три години од последната набавка, кочанските пожарникари ќе добијат нова работна униформа и обувки.

Локалната самоуправа го објави тендерот со кој бара фирми кои ќе обезбедат соодветна облека што ќе одговара на техничката спецификација според законските одредби во оваа област.

Тоа значи дека облеката треба да ги задоволува потребните стандарди за заштита на лицата при извршување на нивните задачи, односно да обезбедува висока топлинска издржливост, да може да поднесен високо ниво на абразија, како и да овозможува извесен степен на водоотпорност. Како потврда за квалиетот на ткаенината, добавувачот треба да обезбеди сертификат од акредитирана лабораторија.  

За набавка на 36 комплети работна облека, односно панталони, кошули и маици, како и на 18 пара чевли и длабоки зимски чизми за  кочанските пожарникари Локалната самоуправа планира да потроши над 250 илјади денари. Веќе тече огласот за прибирање понуди од заинтересираните фирми, што трае до крајот на овој месец.   

Доколку се помине во ред и на тендерот се пријават понудувачи кои ќе ги исполнат бараните услови во спецификацијата, се очекува во рок од еден месец да биде извршена набавката. Со тоа ќе се реши проблемот со недостигот од соодветна облека и обувки со која кочанските пожарникари се соочуваат подолг период. 

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code