Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet opstina vinica30.10.2018  Локалната самоуправа на Виница до крајот на годината ќе има на располагање помалку пари во основниот буџет откако Советот донесе одлука да се направи ребаланс за последниот квартал.

Со тоа се кратат средства во висина од околу 12 отсто за што беше дадено образложение дека е објективни причини, односно за трансфери од проекти што ќе се реализираат наредната година.

- Буџетот за 2018 година беше предвиден на 107 милиони денари, тоа е основниот буџет, а со денешниот ребаланс се намалуваат 11,5 милиони денари, така што основниот буџет ќе биде 96 милиони денари, а вкупниот буџет на Општина Виница ќе биде 286 милиони денари. Најголемо намалување имаме во делот на плати, меѓутоа мора да спомнеме дека намалување имаме бидејќи дел од проектите за коишто очекувавме трансфери од Владата на Република Македонија, дел од проектите кои  моментално се реализираат не се готови, па овие средства од 3,5 милиони денари очекуваме дека ќе бидат префрлени за следната година, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница. 

Градоначалникот Димитров оцени дека кратењето на буџетските средства нема негативно да се одрази врз реализацијата на планираните активности бидејќи наследениот долг од 96,7 милиони денари е намален за околу 15 милиони денари.

- Ние како општина доставивме до Министерството за финансии за целокупниот долг на општината. Очекуваме дека долгот, од кој најголе долг има од утужени средства од АД “Пелагонија“ за изградбата на плоштадот „Ангел Винички“ и на улици за 5,7 милиони денари и 1,3 милиони денари утужени од ЕЛЕМ. Очекуваме барем 51% или околу 3,5 милиони денари ќе добие и општина Виница, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров. 

Димитров потенцираше дека во наредниот период ќе се работи на два капитални проекти од кои еден е локален пат до маалата Капетанци, Балинци и Витлари за што дел би се финансирал од Платежната агенција, а остатокот со сопствен средства. Вториот проект е за изградба на покриен пазар во Виница за што во моментот се работи на детален урбанистички план.

 

На 13, редовна седница на Советот на Општина Виница се разгледуваше кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, планот за поставување урбана опрема, изградба на покриена сцена со амфитеатар, а се разгледуваше и извештајот за работа на детската градинка, како и други актуелни прашања за општината.

 

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code