Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krpenje udarni dupki

01.11.2018  Започна поправката на оштетувањата и дупките на коловозите на повеќе улици во градот.

Градежната механизација започна со поправката на оштетувањата на улицата “Павлина Велјанова“ што се појавија по излевањето на водата од подземната водоводна и канализациска мрежа. Иако на почетокот состојбата не беше критична, во изминатите неколку месеци врнежите од дожд и интензивното користење на улицата придонесоа за влошување  и отежнато движење на возилата.

Токму на крстосницата со “Димитар Влахов“ што е на влезот во градот, коловозот на оваа сообраќајница беше оштетен и подигнат, па за да ги избегнат дупките и нерамниот коловоз, возачите беа примнудени неправилно да влегуваат во крстосницата.

Тоа, заедно со недоволната прегледност, ја влошуваше и онака намалената безбедност за сите учесници во сообраќајот. Поради тоа, и граѓаните кои живеат во овој дел од градот бараа брза реакција на надлежните за да се спречат несакани случки со посериозни последици.

Работници и механизација од претпријатието “Битем“ од Скопје, кое ја доби тендерската постапка, го гребат и расчистуваат оштетениот асфалтен слој и по подготовката на теренот ќе биде поставен нов асфалт.

Слична интервенција од Општина Кочани најавуваат и на други улици каде асфалтниот слој е сериозно оштетен и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Меѓу приоритетните се улиците “14 Бригада“, “Гоце Делчев“, крак од “Питу Гули“ и други.

Реализацијата на активностите е со средства од буџетот на Општина Кочани предвидени за крпење прекопи и оштетувања на улиците, за што се наменети околу 1,5 милион денари.

Т. Ајтовски

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code