Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lekari306.06.2013 Министерството за здравство ја објави листата на најдобро рангирани 80 доктори за месец март , оваа година, кои ги исполнуваат соодветните критериуми за наградување според системот за плаќање по успешност. Од кочанската општа болница на листата се најдоа

д-р Марија Мирчовска специјалист - интернист од интерно одделение и д-р Стојка Стаменкова , специјалист - педијатар во детското одделение.

-Јас сум задоволна од наградата и пријатно сум изненадена, но морам да кажам дека наградата не е само моја заслуга, туку ние тука работиме тимски, така да наградата е заедничка, истакна д-р Марија Мирчовска, најдобро рангиран лекар за месец март 2013.

 Станува збор за најдобро рангираните 80 доктори за март од секундарно и терциерно ниво, кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надомест од 30.000 денари.

Најдобро рангираните лекари ќе имаат право на дополнителна дејност во матичната институција каде работат и во останатите јавни здравствени установи.

Со имплементација на овој проект се валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месец март, бројот и типот на извршени интервенции, реализирани обуки и други активности.

Наградени доктори освен од Кочани има и од Скопје, Штип, Струмица, Охрид, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Гостивар.

За месец февруари од Кочанската болница беа наградени тројца лекари. Марија Јорданова од детското, Лилјана Јовчевска од интерно и Томе Солевски од хируршко одделение.

Т. Велкова

Сподели

lekarilekari1lekari2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code