07.11.2018 СОУ „Гошо Викентиев“ учествуваше на Натпреварот за гимназиии средни стручни училишта во Македонија за "Најдобар бизнис концепт 2018" што се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје.
Кочанското училиште беше претставено од учениците од IVе3 клас, Иван Данилов, Фидан Стоименов и Душко Манев под менторство на професорите Игор Митев и Тони Велков.
Во силна конкуренција на 40 тимови од училишта од цела држава, екипата на СОУ „Гошо Викентиев“ влезе во најдобрите 16 екипи со проектот"Интелигентна кутија за лекови". За одбележување е и тоа што целиот натпревар се одвивал на англиски јазик, но тоа не претставувало проблем или пречка за добар резултат на нашите ученици, истакнуваат менторите.
Инаку, натпреварот е во организација на Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење во соработка со Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Бирото за развој на образованиетоиглавниот покровител на настанот фондацијата Македонија 2025. Проектот е „Најдобар бизнис концепт 2018 – Како идејата да ја претворам во старт-ап компанија и како до инвестиции за мојот старт-ап“.
На натпреварот сертификати добија тимовите и менторите кои се пласираа во полуфиналето на натпреварот односно кои се најдоа меѓу 16-те најдобри тимови меѓу кои се избори и СОУ „Гошо Викентиев“.
Т. Велкова