Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ini pres divogradbi08.11.2018  Близу 40 илјади пријави за легализирање на бесправно изградени објекти поднеле граѓаните од единаесетте општини во Источно планскиот регион, што значи дека скоро во секое второ домаќинство има градба за која претходно не била добиена соодветна дозвола.

По поднесените пријави и елаборати постапката досега е завршена за нешто повеќе од 17 илјади дивоизградени објекти, односно 43,5 отсто за кои се издадени решенија, беше речено на прес-конференцијата на здружението Иницијатива на невработени интелектуалци - „ИНИ“ од Виница кое, во рамки на проектот „Имам право да знам“, ги истражуваше состојбите со легализацијата на бесправните градби во регионот.

- Законот за легализација на дивоградбите беше донесен од претходната Влада во 2919 година и до денес, 2018 година, ние не видовме ниту една анализа какви се ефектите од овој закон и како тоа се одразува на општината, како и на државата. Се поставува прашањето дали во изминатиот период локалните власти си ја вршеле својата работа, надлежноста во делот на урбанизмот, планирањето, еве сега ни се одразува со ова. Имаме скоро 40 илјади барања, ако тоа го погледнеме и го претвориме во финансиски средства, значи ако ги пресметаме тоа се 20 милиони евра. Тоа е голема бројка, средства кои што требало да се слеат во општинската каса, рече Тодор Цонев, претседател на Здружението “ИНИ“ – Виница. 

Анализата на состојбите со легализацијата на дивоградбите покажала дека во периодот по донесување на законот, општинската администрација има зголемени обврски, при што директно се вклучени околу 50 вработени во службите за урбанизам во сите општини од источниот регион. Досега, најголем број од постапките за легализирање се завршени во Кочани со 51 отсто и во Штип со околу 47 отсто. 

Истражувањето за легализацијата на дивоградбите на Истокот, здружението „ИНИ“ го реализираше во изминатите шест месеци со поддршка од фондовите на ЕУ, како подгрант на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување на реформи“ во кој се вклучени Центарот за граѓански комуникации, БИРН  и НВО “Инфоцентар“ од Скопје.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code